• Latest
фото: ЕПА

Најзначајната посета на Путин на Белорусија по Студената војна: Нешто се подготвува

December 19, 2022

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Најзначајната посета на Путин на Белорусија по Студената војна: Нешто се подготвува

December 19, 2022 18:24
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
фото: ЕПА

фото: ЕПА

Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во главниот град на Белорусија и со себе донесе голема делегација, меѓу кои и министерот за одбрана Сергеј Шојгу и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Дописничката на Скај њуз од Москва, Дијана Магнaј наведува дека, со оглед на составот на делегацијата, ова е најзначајната посета на руската владејачка елита на Белорусија од Студената војна.

Според првите изјави од Минск, фокусот ќе биде ставен на економијата, вели Магнај, па се прашува зошто министерот за одбрана Сергеј Шојгу пристигна во Белорусија. Ова е втора посета на рускиот министер за одбрана на Минск овој месец. Taa потсетува дека Шојгу неочекувано се појавил во Минск на 3 декември и потпишал некаков договор за одбрана со својот белоруски колега, но деталите од тој договор останале непознати.

Lukashenko personally meets Putin at the airport in Minsk.

Putin visited Belarus for the first time since June 2019.

Presumably, he arrived to persuade Lukashenko about direct involvement in the war pic.twitter.com/jSW6EN8vIz

— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 19, 2022

Ова сугерира дека нешто се подготвува, според Магнај. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој исто така пристигна во Минск, ги отфрли шпекулациите дека идејата за посетата била да се убеди белорускиот претседател Александар Лукашенко директно да се вклучи во војната. Ваквите предлози се „неосновани“ и „глупави“, рече Песков. За потсетување, истиот Песков во февруари годинава постојано негираше дека Русија планира да ја нападне Украина.

Во пресрет на посетата на Путин, што веројатно не е случајност, белоруската армија објави дека ги завршила проверките на борбената готовност. Во принцип, тоа значи дека ги проверила капацитетите на своите воени резерви, што би можело да биде еден вид подготовка за мобилизација. Така беше барем во Русија, потсетува дописничката од Москва.

Белоруските вооружени сили спроведоа серија вежби од април. Ова е веројатно најактивниот период за белоруската војска од крајот на Студената војна. Ако на тоа се додаде и проверката на информациите на воените резервисти, повиците до воените канцеларии за да се потврдат нивните информации за местото на живеење и слично, сето ова може да значи дека улогата на Белорусија во оваа војна може да се промени во блиска иднина, истакна Конрад Музика, безбедносен аналитичар во компанијата „Рочан Консалтинг“.

Испраќање белоруски сили во војна во Украина би било крајно непопуларен потег меѓу тамошната јавност и може да значи голем ризик за режимот на претседателот Лукашенко, јави дописничката на Скај њуз од Москва, додавајќи дека Лукашенко можеби едноставно нема избор. Од огромните протести што избувнаа поради фалсификуваните избори во 2020 година, кои ги задуши со помош на Русија, Лукашенко и должи на Москва и е многу зависен од неа.

Белорусија веќе во голема мера ѝ помага на Русија во инвазијата на Украина на повеќе начини: од обука на руски неодамна мобилизирани резервисти, до обезбедување медицинска нега на руските ранети и испраќање оружје и опрема, па се до руската употреба на територијата на Белорусија за извршување копнени и воздушни напади врз Украина.

Дописничката на Скај њуз наведува дека веројатно нема да може многу да се наѕира од официјалните соопштенија за денешната посета на Путин на Русија. Но, Путин во петокот се состана јавно со челниците на војската и Министерството за одбрана за да разговараат за плановите за војната во Украина. Најавено е и дека тој повторно ќе се сретне со нив во текот на оваа недела, кога, барем според руската државна телевизија, треба да „објави важна одлука“.

Присуството на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу е важно, додава дописничката на Скај њуз од Москва. Таа сугерира дека Путин презема многу активна улога во планирањето на идна офанзива во Украина.

Tags: БелорусијаВојна во УкраинапосетаПутиншојгу
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ