Најмалку 26 лица се убиени откако израелски тенкови отворија оган во близина на центарот за помош во Газа, велат спасувачите, а 150 Палестинци се повредени, според болницата на Црвениот крст во Рафа.
Локалните жители изјавија за Би-би-си. дека израелските сили отвориле оган во близина на центарот за помош во јужниот град на Газа
Израелските одбранбени сили соопштија дека во моментов не се запознаени за повредите предизвикани од оганот на ИДФ во местото за дистрибуција на хуманитарна помош и додаваат дека случајот е во фаза на разгледување
Израел воведе целосна блокада на Газа и ја продолжи својата воена офанзива против Хамас на 18 март, со што го сруши двомесечното примирје посредувано од САД, Катар и Египет
Израел започна воена кампања во Газа како одговор на прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој околу 1.200 луѓе беа убиени, а 251 други беа земени како заложници
Најмалку 54.381 луѓе се убиени во Газа за време на војната, според Министерството за здравство на територијата, управувано од Хамас
Д. Мишев