• Latest

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (5 дел)

September 9, 2020

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (5 дел)

September 9, 2020 21:38
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Прв дел | Втор дел | Трет дел | Четврти дел

ПРИМЕРИ НА ОРКЕСТРИРАНО ШИРЕЊЕ ДЕЗИНФОРМАЦИИ И ЛАЖНИ ВЕСТИ ПРЕКУ МРЕЖИ НА ПОРТАЛИ

Во текот на предизборието имаше зголемен наплив на дезинформации.  Очекувано, поголем дел од нив беа поврзани со пандемијата на вирусот Ковид-19, но дел од нив беа поврзани со изборниот процес и политичките актери. За ова истражување, ќе издвоиме неколку карактеристични случаи што ги детектираше мониторинг тимот на ЦИВИЛ, но и други организации од земјата кои работат на откривање на лажни вести и дезинформации.

Таков случај беше забележан во текот на предизборниот молк, на 14 јули, порталите ГазетаЕкспрес на албански јазик, а подоцна и Вечер.мк и повеќе други портали на македонски јазик објавија вест дека одреден политичар, кој е дел кандидатските листи, е позитивен на КОВИД-19 и дека истата информација е потврдена од партијата која го поддржува. Политичарот ја демантираше лажната вест, дека е позитивен на КОВИД-19, на својот Фејсбук профил.[1]

Друг случај беше забележан на 22 јуни 2020, порталот Инфомакс објави содржина со наслов „Дали власта го затвори „Македонско село“ бидејќи им пречеше зборот МАКЕДОНСКО?“. Насловот во себе содржи дезинформација, а се базира на статус на Фејсбук на кандидатот за пратеник на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 Велика Стојкова Серафимовска.  Освен тоа, како што се забележува во рецензијата која ја објави страницата што се бави со проверка на факти Вистиномер.мк, во овој напис, кандидатката Серафимовска вели дека овој комплекс е затворен од поранешната Влада на РСМ, што не е вистина. „Овој комплекс беше затворен од страна на самиот негов менаџмент без да се дадат конкретни образложенија за затварањето. Освен ова, авторот на овој напис, Велика Стојкова Серафимовска, вели дека “им пречел зборот Македонско, Македонска архитектура, вечната Македонска традиција. Како и многу странски туристи кои оттука учеа многу Македонски истории” на тие што го затвориле. На овој начин, таа алудира на Преспанскиот договор и вели дека на властите им сметал терминот “Македонско” и поради ова е затворен комплексот. Мало потсетување: во 2018 година кога и се затвори овој комплекс, Преспанскиот Договор уште не беше потпишан“, се вели во рецензијата.[2]

Уште една од низата лажни вести и дезинформации беше објавена на 7 јуни 2020 на социјалните мрежи Твитер (од познати профили како Фортификација на пример, споменати неколкупати во ова истражување) и Фејсбук, дека СДСМ наводно дели прехранбени пакети за изборен поткуп на гласачи во Битола за време на полициски час. Лажната вест и дезинформација ја објави и порталот „Република“ со наслов „Поткуп и во Битола, и тоа за време на полициски час“.  На снимката е прикажан службениот џип на Црвениот Крст од Битола и нивни волонтери како делат социјални пакети на загрозени семејства. Снимката е направена за време на полицискиот час на улицата „Кочо Рацин“ во Битола во битолската Брусничка населба. Коментарот на анонимниот снимател е навредлив и со говор на омраза кон лидерот на владејачката партија Зоран Заев. „Eве за време полициски час, Битола, Кочо Рацин, во живо, Зајко салама комерц. Саламата посна е, зајачка? Ееее, кој ќе легни затвор? По затворите се лежи за ова. Ете така, вршиме поткуп на сиромашни граѓани. Пакетчиња свети зајко, чекај да го снимиме џипот, таблицата да се види. „Eте ова го продадовме (знаме од Кутлеш) за два паќети салама, за убо да е, да се омрси народот. Се користи полицискиот час за поткуп. Мрсна салама од зајак мелен“, коментира анонимниот снимател. Од Црвен Крст – Битола за ЦИВИЛ Медиа изјавија дека се згрозени од тоа дека нивната хуманитарна работа ја поврзуваат со политика и шират лаги и невистини. „Оваа клевета и атак нема да ги запре нашите активности. Нашата мисија нема да застане и утре повторно како и изминатите 100 дена ќе бидеме на терен затоа што некое дете, возрасен или лице со посебни потреби ја чека нашата помош“, соопштија од Црвен Крст – Битола. Од друга страна, СДСМ – Битола се огласија дека била употребена една слика преземена од нивниот албум од двете хуманитарни акции кои ОО СДСМ Битола ги организира во континуитет во последните три месеци, за време на корона кризата и беше употребена, за жал, со цел да се оцрни работата на една организација како Црвен Крст, која безусловно и во најтешките околности помагаше на граѓаните кои имаа потреба од тоа. „Сакаме да напомене дека хуманитарната акција која нашата општинска организација во континуитет ја организира е со донации од наши членови и симпатизери. Тоа го правиме транспарентно и јавно и никогаш не злоупотребуваме други институции. За жал, во некои минати времиња, одредени луѓе така биле навикнати па сметаат дека тоа уште постои“, реагираа од СДСМ.[3]

За време на кампањата беше забележан и случај со злоупотреба на логото и изгледот на еден познат портал со цел на ширење дезинформации. Редакцијата на порталот „Сакамдакажам.мк“ на 19 јуни 2020 соопшти дека денеска поднела кривична пријава до МВР против непознат сторител за фалсификување на логото на редакцијата и ширење дезинформации. Според редакцијата, ден претходно, на 18 јуни, профилот на Твитер „Пази леџа, #Движење бојкотирам”, објавил содржина со провокативен и лажен наслов, во кој се тврди дека „изборите на 15 јули ќе се искористат гласачите да се вакцинираат преку проектот на Бил и Мелинда Гејтс“. Твитот содржеше наводен скриншот на кој е вметнато логото на „Сакамдакажам.мк“. Меѓутоа, според редакцијата, ваква вест никогаш не била објавена на порталот, а фотографијата со која се манипулира јавноста е груба фотомонтажа, а дезинформацијата, покрај со логото на порталот, ги користи и графичките елементи на позадината на веб-страницата и изгледа како навистина да бил објавен на овој портал. “Кривичната пријава е поднесена против непознато лице корисник/сопственик на Твитер профил со назив: @realLOshGZE, поради сторено кривично дело согласно Член 205 став 5 од Кривичниот законик кој вели: „Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци“, соопшти редакцијата на „Сакамдакажам.мк“.[4]

На 26 јуни 2020, порталот Лидер објави содржина со наслов „ЕКСКЛУЗИВНО Приведен Ден Дончев на распит во полиција“ во која е изнесена невистина дека поранешниот директор на Фондот за здравство, кој неодамна поднесе оставка, Ден Дончев бил приведен, и тоа од секторот за организиран криминал. Од МВР официјално соопштија дека тој бил уредно поканет со покана за разговор во полициската станица Карпош, дека самиот се пријавил и по извршениот разговор си заминал. И самиот Дончев изјави дека е со семејството, дека не е уапсен и најави тужби доколку порталите што ја објавија дезинформацијата, истата не ја повлечат [5].

Оваа лажна вест следуваше недела дена откако во истите медиуми и платформи беше објавена снимка во која наводно се гледа Ден Дончев како прима поткуп, и беше само дел од содржините со кои се нападна не само ексдиректорот на ФЗОМ, туку беше искористено и од политичките противници на СДСМ за напади, пред сè над претседателот на партијата Заев, чие име беше постојано доведувано во корелација со она на Дончев, од формалните прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ, па сè до оркестрираните објави и коментари на социјалните мрежи. Голем дел од овие објави поттикнаа нова лавина на говор на омраза и повици за насилство.

[1] Цивилмедиа, 14 јули 2020, Лажна вест за политичар позитивен на КОВИД-19, Вистиномер Дезинформација дека Зибери е позитивен на Ковид 19, три часа во изборен молк ,,ечеше” во медиумите

[2] Вистиномер.мк, 28 јуни 2020, Употребата на зборот „македонско“ не е забранета и ова не е причината за затворањето на комплексот „Македонско село“

[3] Цивилмедиа, 8 јуни 2020, Лажна вест за поткуп во Битола

[4] Редакцијата на „сакамдакажам.мк“ поднесе кривична пријава за ширење дезинформации со логото на медиумот, Мета, 19.06.2020

[5] Лажна е веста дека Ден Дончев е уапсен, Вистиномер, 26 јуни 2020

(продолжува)

Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. 
Во постизборниот период, ЦИВИЛ објави серија извештаи и анализи за спроведувањето на изборниот процес. Во претстојниот период, Организацијата го финализира објавувањето на извештаите и анализите од мониторингот, по што ќе бидат подготвени и објавени препораки за идните чекори што треба да се преземат на повеќе правно-политички, институционални и општествени нивоа.
Овие денови, ЦИВИЛ објавува делови од опсежната анализа под наслов „Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза“ која ја подготви медиумскиот експерт Петрит Сарачини, инаку активист и член на Собранието на ЦИВИЛ.
Анализата е подготвена на педесетина страници, со конкретни примери и анализи за ефектите од кампањата, методите на пласирање на пораките, мрежите за оркестрирано ширење партиска пропаганда, дезинформации и омраза и низа други аспекти. На крајот од анализата се поместени заклучоци и препораки кои ќе бидат дел од пакетот препораки кои ЦИВИЛ ќе ги претстави пред јавноста и на институциите кон средината на септември.

Прв дел | Втор дел | Трет дел | Четврти дел

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ