• Latest

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (3 дел)

September 5, 2020

Од аздисаност до изгубеност

April 20, 2026

Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

April 20, 2026

(Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

April 19, 2026

Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

April 19, 2026

Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

April 19, 2026
„Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

April 18, 2026
Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

Кремљовски шепотења

April 18, 2026
Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

April 18, 2026

Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

April 18, 2026

Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

April 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

    Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

    „Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

    Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

    Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Од аздисаност до изгубеност

    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (3 дел)

September 5, 2020 20:43
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Прв дел | Втор дел

Оркестрирано мразење и дезинформирање – главно оружје за мобилизација на партиски војски и дискредитирање, замолчување, обесхрабрување и разочарување на противниците

Главна цел на ова истражување беше да се детектираат дезинформациите и говорот на омраза, формите и начините на нивно ширење и ефектите што ги предизвикуваат во јавната комуникација за време на изборниот процес.

Со оглед дека бројот на објави, содржини, коментари итн. што содржат вакви елементи достигнува десетици илјади, тоа ги прави речиси невозможни и прескапи квантитативните методологии за анализирање на јавната комуникација на интернет и социјалните мрежи. Затоа, тимот на медиумски експерти и аналитичари на ЦИВИЛ одбра да примени квалитативна методологија на „снежна топка“.

Имено, тим од 8 истражувачи и повеќе од 20 долгорочни набљудувачи на ЦИВИЛ секојдневно ги следеше објавите на медиумите и на социјалните мрежи што генерираа внимание и поголем број на реакции, а кои содржат елементи на дезинформации, потпалувачки јазик, навреди на учесници во кампањата но и други актери. Како можни појдовни точки за спроведувања на истражувања по принципот на „снежната топка“, се набљудуваа содржините кои се објавуваа на профилите и страниците на кандидатите на политичките партии, нивните лидери, влијателните и редовните споделувачи, нивното влијание, реакциите кои ги предизвикале. Следејќи ги содржините, тимот на ЦИВИЛ се обиде да дојде до главните „извори“ на ваквите објави, и да воочи, од случај до случај, дали има организирани структури или редовни споделувачи и коментатори, дали има оркестрирано ширење и реагирање на содржините, и други „неприродни“ начини на создавање на поголемо влијание на тие содржини.

Главни цели на истражувањето беа:

  • Да се детектираат и деконструираат дезинформации и мрежи за нивно оркестрирано објавување и споделување меѓу порталите и страниците на Фејсбук и Твитер
  • Да се детектираат објави со говор на омраза и вербално насилство, и мрежи за нивно оркестрирано објавување и споделување меѓу порталите и страниците на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер
  • Да се детектираат објави и мрежи во јавноста, преку кои оркестрирано се напаѓаат преку навреди и клевети и субјектите кои се натпреваруваат во изборниот процес, но и другите учесници во јавната комуникација и дебата

Преку овој метод, само за време на официјалниот период на предизборна кампања од 21 ден, тимот на Цивил успеа да документира над 80 случаи на оркестрирано споделување на содржини кои содржат клевети, дезинформации, навреди или говор на омраза, најчесто во комбинација. Тоа значи дека, во секој ден од 21-дневната кампања, имало просечно најмалку 4 обиди за организирано и оркестрирано делување на јавната дебата, со објавување и проширување на содржини кои поттикнуваат омраза или имаа за цел дискредитација на одредени кандидати, или пак личности што воопшто не учествуваа во изборниот натпревар.

Од овие над 80 случаи на забележано оркестрирано дејствување за ширење на одредена тенденциозна, насилна или невистинита содржина или комуникација, 14 се поврзани со оркестрирано споделување на дезинформации. Во 28 случаи е забележано оркестрирано споделување на содржини кое поттикнува говор на омраза, повици за убиство или насилство кон политичари-учесници во кампањата. Во 21 од случаите жртви на вербалното насилство се новинари, активисти, интелектуалци или други субјекти и организации, па дури и граѓани кои не се јавни личности, ниту пак учествуваат во изборниот процес, но беа цел на напади поради искажани ставови и мислења. Во 12 случаи, мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележа објави кои поттикнуваат дискриминација, исмевање или говор на омраза на етничка и верска основа, расизам и ксенофобија. Во 6 случаи, оркестрираното споделување содржини имаше елементи на дискриминација или говор на омраза врз основа на родова/сексуална припадност.

Општ заклучок по набљудувањето е дека дезинформациите, клеветите, вербалното насилство, навредите и говорот на омраза, во недостаток на мобилизација преку масовни настани, станаа едно од главните оружја на партиските кампањи во ова предизборие. Иако официјалните партиски комуникации и кампањи навидум беа повеќе насочени кон објаснување на понудата, далеку поголемо внимание и дебата предизвикуваа меѓусебните напади и обиди за дискредитации, кои се одвиваа преку канали и платформи кои навидум не се партиски, но се всушност дел од неформалната партиска пропаганда.

Оркестрирани зафати за ширење на партиска пропаганда, дезинформации и омраза, особено се забележуваа на социјалните мрежи, но и на десетици веб страници и портали. Во нив предничеа неколку мрежи, пред сè структури кои се блиски и споделуваат партиски објави на ВМРО-ДПМНЕ, но и структури блиски до партијата Левица, по што следуваат и страници и профили блиски до неколкуте партии чии лидери беа активни за време на бојкотот на Референдумот во 2018 година.

Сепак и кај симпатизерите и пропагандните структури на владејачките партии, не недостигаа овие елементи. Ова особено важи за ДУИ, која настапи далеку поорганизирано и во црната пропаганда од нејзините политички противници, кои беа оцрнувани како „предавници“ поради нивно неприфаќање на кампањата и идејата на ДУИ за премиер-Албанец, која што беше објавена без никаква најава и изненадувачки на самиот старт на кампањата. Цел на оцрнување не беа само политичките противници, туку и други личности што не беа дел од изборниот натпревар но јавно изразија спротивставување на ДУИ.

Одговорите кои дојдоа од политичките противници Алијанса за Албанците, Алтернатива, па и од Движењето Беса кое влезе во предизборна коалиција со СДСМ, пред сѐ на сметка на лидерот Али Ахмети но и на други партиски раководители, не беа ни малку нежни.

Кај страниците кои споделуваа содржини блиски до владејачката коалиција предводена од СДСМ, забележлива е помала присутност на говорот на омраза на дезинформациите. Сепак, и таму, не недостасуваа реакции и коментари со навреди и исмевања на политичките противници, пред се на ВМРО-ДПМНЕ но и ДУИ, кои ја надминуваа границата на една пристојна комуникација.

Беа регистрирани и повеќе случаи на оркестрирано ширење дезинформации и лажни вести чија цел беше дискредитирање на повеќе политички субјекти и носители во кампањата. Предничат објавите со омраза на адреса на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во повеќе контексти.  Цел на нападите е и потпретседателката на оваа партија, Шекеринска, која „ја признала УЧК“.   Но не се поштедени ниту носителите Спасовски (со елементи на етничка омраза и кон Ромите), како и Димитров, поради „предавството“ со Преспанскиот договор. Од друга страна, освен „бомбите“ за Мицкоски, тој, но и други носители на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ  како Силјановска, Мизрахи, Дурловски, Николоски, Мисајловски, Милошоски… беа често цел на објави, со кои се исмеваат нивни изјави или постапки.

Во кампањата, пак, на партиските војски на ДУИ на интернет, сите што не се за Албанец премиер се „предавници“, без оглед дали ја симпатизираат опозициската коалиција АА-ААА, СДСМ-БЕСА или преферираат нешто трето.  Од друга страна, лидерот на ДУИ Али Ахмети е веројатно еден од најнапаѓаните политичари во земјата, со сериозна конкуренција од лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, кој е често цел и на повици на насилство па и убиство.

Да не заборавиме. Сите овие објави се со цел да предизвикаат ефект во кампањата. Но, освен предвидениот краткорочен ефект на мобилизација на партиските војски, симпатизери  и гласачи, тие на долг рок прават непоправливи штети за демократијата, човековите права и слободата на изразување воопшто. А на краток рок, освен што предизвикуваат мобилизација, тие поттикнуваат омраза, што резултира со стотици други мразачки објави, постови, коментари полни со повици за насилство, па дури и убиство. Не ретко, тие закани почнуваат да се остваруваат во реалноста. А во неа, Северна Македонија се уште кубури со неказнивоста и неажурноста на институциите.

Објавите, како што забележавме и погоре, не се само упатени кон политичките противници. Честопати нивна мета се други, непартиски актери – новинари и медиуми, граѓански организации и активисти, истакнати стручњаци во разни области, па се до обични граѓани, кои се предмет на омраза и шиканирање на локални партиски структури. И самата организација ЦИВИЛ, која спроведува мониторинг на изборните процеси во земјава, беше мета и на физички вандализам, директни телефонски закани, но и на повеќекратен говор на омраза во првите недели на кампањата, како дел од една оркестрирана хајка за навредување на повеќе организации и индивидуалци кои беа дел од Шарената револуција. Тој говор на омраза продолжи и се засили и во постизборниот период, кулминирајќи со повици за убиство, кои беа осудени и од Здружението на новинарите на Македонија[1].

Особено треба да се посочи на случаите на директни закани кон обични граѓани и сајбер булинг од локални партиски структури. На пример, таков случај беше регистриран во Велес, уште во првата недела на кампањата.

ЦИВИЛ, постојано во текот на кампањата апелираше до политичките актери, особено до оние кои цела јавност ги гледа како предводници во оваа мразачка врева која го гуши правото на граѓаните да ја слушнат понудата, да престанат со омразата, лагите и насилството. За жал, овие апели, не само на ЦИВИЛ туку и на многу релевантни меѓународни и домашни структури, не наидуваат на одѕив.

(продолжува)

[1] ЗНМ остро ги осудува заканите упатени кон Дерала и Сарачини, https://znm.org.mk/%D0%B7%D0%BD%D0%BC-%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE-%D0%B3%D0%B8-%D0%BE%D1%81%D1%83%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%83%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8/

Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. 
Во постизборниот период, ЦИВИЛ објави серија извештаи и анализи за спроведувањето на изборниот процес. Во претстојниот период, Организацијата го финализира објавувањето на извештаите и анализите од мониторингот, по што ќе бидат подготвени и објавени препораки за идните чекори што треба да се преземат на повеќе правно-политички, институционални и општествени нивоа. Овие денови, ЦИВИЛ објавува делови од опсежната анализа под наслов „Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза“ која ја подготви медиумскиот експерт Петрит Сарачини, инаку активист и член на Собранието на ЦИВИЛ. Анализата е подготвена на педесетина страници, со конкретни примери и анализи за ефектите од кампањата, методите на пласирање на пораките, мрежите за оркестрирано ширење партиска пропаганда, дезинформации и омраза и низа други аспекти. На крајот од анализата се поместени заклучоци и препораки кои ќе бидат дел од пакетот препораки кои ЦИВИЛ ќе ги претстави пред јавноста и на институциите кон средината на септември.

Првиот дел од анализата

Вториот дел од анализата

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Народно собрание на Бугарија (фото: Nikolai Karaneschev, CC BY 3.0)

    Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кој со Орбан тикви садел…

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Кремљовски шепотења

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ