• Latest

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (9 дел)

September 14, 2020
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (9 дел)

September 14, 2020 17:44
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Прв дел | Втор дел | Трет дел | Четврти дел | Петти дел | Шести дел | Седми дел | Осми дел

Новинари, активисти, граѓански организации, уметници, граѓани… цел на жестоки напади на омраза

Новинарката Тања Милевска за време на кампањата, особено на 11 и 12 јули 2020, беше жртва на родово-базиран говор на омраза, закани и навреди на социјалната мрежа Твитер. Иако предизвика сериозни вербални реакции од институциите и меѓународната заедница, случајот каде новинарка е нападната и понижувана на социјалните мрежи најчесто од лажни профили, воопшто не е реткост, а поголем дел од овие напади поминува без реакции. Владата најостро ги осуди нападите со говор на омраза врз новинарката Тања Милевска.

„Владата цврсто стои зад слободата на говор и слободното новинарство и има нула толеранција за заплашување и закани кон новинарите. Безбедно известување и слобода на мисла, говор и делување во медиумите е наша суштинска, сегашна и долгорочна заложба, на која посветено работиме. Родово базираното насилство е друг, но подеднакво важен општествен проблем на кој сите заеднички и солидарно треба да му се спротивставиме и со кој ќе се избориме. Ги повикуваме МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат за расчистување на бруталните закани и родово базираните повици на насилство кон новинарката“, стои во соопштението на Владата.

Здружението на новинари (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот на етика во медиумите во Македонија (СЕММ) упатија остри реакции на говорот на омраза и директните закани по живот. Од институциите бараат итна реакција и будно следење на ваквите појави, а од партиите јавна осуда на нападите и поддршка на новинарските заложби за слободата на говор и заштита на медиумските работници.

„Како новинарски организации упатуваме на фактот дека и говорот на омраза и ваквите директни закани се опфатени со Кривичниот законик со што должност е на институциите, првенствено на МВР и на Јавното обвинителство, итно да ги истражат и процесираат. Потсетуваме дека безбедноста на новинарите и правото на слободен говор одат рака од рака, заедно со демократските обележја на една држава. Ваквиот јавен дискурс во којшто најбезобразно се напаѓаат новинари и тоа со најотворени закани по живот е недозволив и незамислив за едно демократско општество“, пишува во реакцијата од трите здруженија.

За случајот на Милевска реагираше во писмено соопштение и Европската комисија, каде истакнаа дека секој напад врз новинарите е неприфатлив и треба да биде осуден, и дека новинарите треба да бидат во можност да ја работат својата работа ослободени од насилство, вознемирување и заплашување.

„Слободата на медиумите е камен темелник на демократијата и е во ДНК-то на Европа. Демократијата не може да функционира без слободни и независни медиуми, а почитувањето на слободата на изразување е од суштинско значење“, соопштија од ЕК.

На реакциите се приклучи и Министерството за информатичко општество и администрација, кое ги осуди нападите со говор на омраза и врз кој било друг новинар и граѓанин.

„Социјалните медиуми не смеат да бидат користени како алатка за ширење на говор на омраза, закана и притисоци кон секој кој има различно мислење или став. Цврсто се залагаме за слобода на говор, но секоја злоупотреба во правец на ограничување на слободата на другиот мора соодветно да биде санкциониранa“, стои во соопштението на МИОА.

ЦИВИЛ – Центар за слобода реагираше со соопштение и потсети дека говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено и треба да се искорени, воедно ги повика надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на говор на омраза, и да го санкционираат соодветно[1].

На активистот Ненад Јовановиќ му беа упатени јавни закани на ФБ страната „Налет да се сторите“ дека нема да смее да излезе на улица откако гостуваше на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, во која зборуваше дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев не погреши што постигнаа Договор со Грција со кој се смени името на државата.

Објавата на „Налет да се сторите“ од неколкуминутното видео во кое зборува Јовановиќ не шири директно говор на омраза, меѓутоа ги поттикнува граѓаните да користат експлицитен говор на омраза и закана. Еден од таквите коментари е и коментарот на ФБ страницата „Слобода или смрт“ кој гласи: „Ууу копиле едно, ќе се појавиш на улица“, а истиот го поддржале повеќе лица[2]. Мониторингот на ЦИВИЛ забележа дека откако привремено се деактивираше неколку дена, повторно стана активна. На страницата, новите содржини беа со иста тематика како претходните и со ненамален интензитет на закани и говор на омраза[3].

На Фејсбук профилот на Методија Македонски Василески, кој често споделува содржини што поттикнуваат вербално насилство и омраза, беше објавен пост што ја поврзува познатата македонска поп пејачка Тамара Тодевска со предлогот на ДУИ за прв министер Албанец и ветувањето дека химната на РСМ ќе се смени доколку добиеме премиер од ДУИ, со скратената верзија на интерпретацијата на Тамара на прославата за денот на независноста на САД,  во американската амбасада во Скопје. Објавената фотографија носи наслов „Овој изрод ја смени химната“. Тамара Тодевска беше предмет на говор на омраза и навреди од  веќе познатата Фејсбук страница „Налет да се сторите“. На оваа страница беше објавена фотографија од Тодевска со наслов „Северна ку.ва“[4].

 

На ФБ страната „Македонски прес“ беше објавена фотографија од новиот мурал во најава во Штип, со коментар кој е варијација на изборниот слоган на СДСМ: „Денес градскиот стадион на Штип изгледа вака… Можеме повеќе, можеме уште подобро!“. Иако самиот коментар не содржи говор на омраза, фотографијата со мурал на виножитото и алузија на ЛГБТИ заедницата поттикнува коментари со говор на омраза и закани.

Под фотографијата има низа на коментари со говор на омраза кон ЛГБТИ лицата, како и закана за уметниците кои го цртаат муралот. Иако во коментарите пишува дека муралот претставува зајдисонце и дека ќе има фигури кои ќе претставуваат приказна и дека не е поврзан со политички партии. Но, мразачите не престанаа со вулгарности и експлицитен говор на омразата. Повеќето коментари се заканувачки и тврдат дека таков мурал не смее да има во Штип. „Муралот педерски претставете си го во друг град или матер ќе им ебам“, се вели во еден од коментарите. Иако муралот нема врска со политика, дел од коментарите се дека нема да дозволат да се нацрта „педерско знаме или знаме Шарена револуција“[5].

Во групата „Македонија е една и им припаѓа на Македонците!“, лицето Сузана Димитриевска споделила објава, односно фотографија со наслов „Директорка на училиште во Струга наредила уништување на сонцето од Кутлеш од игралиштето“, и напишала: „За вакво „самоопределување“ ли говореше Никола Димитров на вчерашната емисија „Само вистина“?“.

Под објавата, лицето Милица Стојановска повикува на линч, проследено со клетви, со коментарот:

„И уште ја чувате на тоа место, не сте ја расчеречиле, како што таа го унакажала сонцето македонскио, никогаш да не ја огрее!“

Откако е објавена оваа вест во повеќе медиуми како што се Република, Лидер, Курир, Вечер… на 23 јуни околу 15ч. (во која не пишува информации за кое училиште се работи и како се вика директорката), во истиот ден околу 21 ч. твитерџијата Кубрат Шазивар објави пост со фотографија од Баже Лазевски кој наводно го избишал знамето од Кутлеш и напишал „Браво гнасо“. Оваа објава е споделена на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук.

Под објавата има повици за линч, односно говор на омраза и закани кон Лазевски, дека „знаат дека е од Велес и каде живее“. По низата закани и напади, Лазевски го деактивирал својот Твитер профил. Твитерџијата со име Ангел од Александар од Македон го објави деактивираниот профил на Лазевски и со употреба на говор на омраза коментирал: „Шо вака го снема?“, при што лицето Ел Македонеро коментира: „Ма има и него да го нема“, а профилот Лиле Стечајка додава: „Нема каде да се крие по овие темни улички“. Но заканите и хајката по Лазевски не завршија само на социјалните мрежи. Лун Кју Доналд Сикрет на Твитер објави дека Лазевски и телефонот го изгасил.

Еден од коментарите гласи: „Го уклучија ЖМРО Твитер на најјако“, бидејќи „случајот Баже“ се користи за политичка кампања и се испраќа политичка порака дека „СДСМ уништува сѐ што е македонско“[6].

Објавите на ЦИВИЛ во кои се деконструираа содржините со дезинформации и говор на омраза предизвикаа цела низа оркестрирани напади на социјалните мрежи. Еден пример за тоа се реакциите на текстот на ЦИВИЛ „Во „теовел“ омразата се приклучи и Антонио Милошоски“, споделен и на ФБ страницата на организацијата (CIVIL.MK), на кој се појавија низа коментари со говор на омраза. Во коментарите се обвинува организацијата дека „мрази Македонци“, дека се „нацисти“ и дека „Господ ќе ја казни“ организацијата, се разбира, со заканувачки коментари дека тие знаат кој ја финансира организацијата и за што[7].

Вакви слични објави може да се забележат и на Твитер. Еден таков пример е Твитер профилот @DenicaMMM (очигледно лажен профил), кој е преполн со твитови со експлицитен говор на омраза, силно изразен национализам и поттикнува нетрпение од сите форми.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, меѓу другите твитови со срамни содржини забележува дека овој лажен профил (бот) се бави и со етничкото потекло на составот на тимовите на организацијата[8].

(продолжува)

[1] Остри реакции за родово-базиран говор на омраза и заканите кон новинарката Тања Милевска 14 јули 2020, ССНМ и СЕММ остро ги осудуваат заканите кон дописничката Милевска, знм.орг.мк, 13 јули 2020
[2] Говор на омраза и закана за активистот Ненад Јовановиќ Цивилмедиа,29 јуни 2020
[3]  Фејсбук страницата „Налет да се сторите“ повторно активна и сее говор на омраза Цивилмедиа, 4 јули 2020
[4] Предизборен говор на омраза кон Тамара Тодевска Цивилмедиа, 6 јули 2020
[5] Закани кон уметниците во Штип кои нацртале мурал, Цивилмедиа, 6 јули 2020
[6] Закани и повици за линч на Фејсбук страната „Македонија е една и им припаѓа на Македонците!“ и други профили, Цивилмедиа, 2 јули 2020
[7] ЦИВИЛ повторно мета на говор на омраза – поттик за уште пожестоко разобличување на лажните вести и говорот на омраза Цивилмедиа, 4 јули 2020
[8] Говор на омраза: Џабирци ШИПТАРИШТА мразат Македонци до коска Цивилмедиа, 29 јуни 2020

Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. 
Во постизборниот период, ЦИВИЛ објави серија извештаи и анализи за спроведувањето на изборниот процес. Во претстојниот период, Организацијата го финализира објавувањето на извештаите и анализите од мониторингот, по што ќе бидат подготвени и објавени препораки за идните чекори што треба да се преземат на повеќе правно-политички, институционални и општествени нивоа.
Овие денови, ЦИВИЛ објавува делови од опсежната анализа под наслов „Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза“ која ја подготви медиумскиот експерт Петрит Сарачини, инаку активист и член на Собранието на ЦИВИЛ.
Анализата е подготвена на педесетина страници, со конкретни примери и анализи за ефектите од кампањата, методите на пласирање на пораките, мрежите за оркестрирано ширење партиска пропаганда, дезинформации и омраза и низа други аспекти. На крајот од анализата се поместени заклучоци и препораки кои ќе бидат дел од пакетот препораки кои ЦИВИЛ ќе ги претстави пред јавноста и на институциите кон средината на септември.
Прв дел | Втор дел | Трет дел | Четврти дел | Петти дел | Шести дел | Седми дел | Осми дел
Print Friendly, PDF & Email
Share41Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ