пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Прв дел | Втор дел | Трет дел | Четврти дел | Петти дел | Шести дел
Примери на „мрежи“ и на оркестрирана пропаганда и омраза на Твитер
Мониторинг тимот на Цивил во текот на изборниот процес разобличи повеќе мрежи на лажни профили за кои е утврдено дека се партиски ботови, коишто организирано и оркестрирано шират говор на омраза и лажни вести.
Такви примери беа детектирани често на социјалната мрежа Твитер, платформа која овозможува анонимно пласирање и споделување на информации, оваа мрежа, истовремено споделува содржини со поддршка и за ВМРО-ДПМНЕ и за Левица. Од почетокот на изборниот мониторинг, тимот на Цивил нотира низа од истоветни активности кои имаат цел што поширока дистрибуција на пораки што се дел од црна кампања.
Дел од тие профили беа @DenicaMMM, @fonspricn, @Fortifikacija, @VojvotKata, @bez_mana, @Effo_Antivirus, @rojsusanto, @AcoMalio, @Vlatko100janosk, @nerazzurro7777, @kurbatseverdzan, @liberatormk, @JeftoMKD, @Voskresi_Ja, @LepceSoSalamce, @Zoki79889487, @C4i7Z, @Biktop16, @LEGIJATA1. Се бележи и дека овие профили често ги менуваат своите кориснички имиња и креираат нови профили за да остават впечаток дека се шират.
Приказ низ примери на начинот на оркестрирано споделување содржини на Твитер „мрежите“ за пропаганда
На 22.06.2020, профилот @aps_aana, инаку познат по мрежата #Бојкотирам, која беше значително активна за време на одржувањето на Референдумот во 2018, пласираше информација (првично споделена од Љупчо Палевски – Палчо, бизнисмен од Скопје), од монтирана фотографија на која е претставена сметка во непостоечка банка на име Вице Заев, со над 1 милион евра. Како споделувачи и лајкови на оваа објава, се појавија гореспоментатите профили, што покажува огранизирано ширење на оваа лажна вест по социјалните мрежи (@Voskresi_ja, @DenicaMMM, @LepceSoSalamce, @kurbatseverdzan, @Vlatko100janosk, @Effo_Antivirus, @Fortifikacija). Лајк на една од овие објави стави и Антонио Милошоски, функционер на ВМРО ДПМНЕ и во тоа време кандидат за пратеник во ИЕ 5, и Јована Мојсоска, носителка на пратеничка листа во ИЕ 5, и функционерка на „Левица“.
На 23.06.2020, еден од споменатите профили, @kurbatseverdzan, сподели објава за говор на омраза кон Баже Лазевски од Велес, и се приклучи во заканите и повикот за линч кон Баже. Како коментатори, лајкувачи и споделувачи на оваа објава, повторно се приклучија гореспоментите профили (@JeftoMKD, @fonsprich, @Voskresi_ja, @Effo_Antivirus, @LepceSoSalamce, @fonspricn). Оваа објава повторно има допаѓања (лајкови) од Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.
На 29.06.2020, на социјалната мрежа Твитер интензивно почнува да се шири говор на омраза кон активисти на Шарената Револуција. Најчесто, објавите беа придружени со зборовите „шуто и рогато“, изговорени до претседателот на СДСМ Заев на една од објавените снимки за време на кампањата. Па така, активистите Замир Мехмети, (со импликација и на Ермира Мехмети), Влатко Васиљ, и поранешниот пратеник Павле Богоевски се најдоа на мета на Твитер ботовите за ширење навреди и говор на омраза.
Веќе споментатите @DenicaMMM, и @kurbatseverdzan беа едни од првите коишто споделија вакви објави. Реакции на овие објави може да се забележат и од профилите @aps_aana, @JeftoMKD, @Voskresi_Ja, @DenicaMMM, @Effo_Antivirus, @bez_mana, @vojvotKata, @fonsprich, @LEGIJATA1, @VladimirPanche6. На овој тренд се приклучи и Јована Мојсоска, носителка на пратеничка листа во ИЕ 5, и функционерка на партијата Левица. Таа сподели фотографија од активистите Џабир Дерала и Петрит Сарачини, со текст – „Твитерот ќе биде преплавен со соросписки солзи“. Истата фотографија доби лајк и од претседателот на Левица, Апасиев. Како и на останатите објави, и оваа беше споделена од @Effo_Antivirus, @DenicaMMM, двата профили од групата поддржувачи на партијата ВМРО ДПМНЕ и активни поттикнувачи на говор на омраза и лажни вести.
Во предизборниот период, активен на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук со споделување изобилство содржини со говор на омраза и пласирање на лажни вести, беше и поранешниот Претседател на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски кој во декември 2019 беше разрешен од својата функција поради манипулации со распределбата на предмети во судот, а сега е и осуден за тоа кривично дело на 3,5 годишна затворска казна. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ објави и разобличи неколку вакви објави на неговите Twitter и Facebook налози, кои беа споделувани и од многу од профилите во мрежата партиски ботови на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, истите што редовно се појавуваа и во другите случаи опишани во овој извештај.
На 05.07.2020, на своите Tвитер и Фејсбук профили, Панчевски објави видео со наслов „КРУЈЕМИНИСТРИ ШИПТАР“, каде пишува дека спотот е изработен од СДСМ, и дека тие го подржуваат предлогот на ДУИ за премиер Албанец. Меѓу профилите што реагирале на оваа објава на лажна вест на Twitter, се и @Effo_Antivirus, @rojsusanto, @JeftoMKD, @DenicaMMM како и проф. Каракамишева.
Меѓу другите Твитер објави на Панчевски, забележан е и говор на омраза кон ЦИВИЛ. Тој објави видео од иницијативата „Гласај“ на ЦИВИЛ, со коментар: „Ова е Перо (Арсовски), на Џабир другарче од Цивил од кампањата „гласај“, ова десно е што мислат луѓето за Перо“. @Fortifikacija, @DenicaMMM, @aps_aana, @LepceSoSalamce, @Vlatko100janosk се помеѓу профилите коишто ја споделија и оваа објава. Панчевски исто така сподели видео со навреди кон сегашни и поранешни функционери од СДСМ. На видеото коментирале и го споделиле некои од веќе добропознатите: @aps_aana, @rojsusanto, @Fortifikacija, @DenicaMMM, @Vlatko100janosk, @nerazzurro7777.
И Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, како и во претходните случаи, се приклучи кон црната кампања во ова предизборие. Цивил објави содржина од неговото приклучување кон „кампањата теовел“ на профилите-ботови од својата партија. Милошоски на својот профил сподели видео од две девојки коишто на социјалната мрежа ТикТок танцуваат на ремикс песна (Обиџуко) од говорот на техничкиот премиер Олевер Спасовски. На истата објава, повторно се забележува активност од профилите @JeftoMKD, @DenicaMMM, @rojsusanto, @Zoki79889487, @Voskresi_Ja, @C4i7Z, @Fortifikacija, @Effo_Antivirus, @VladimirPanche6.
На 30.06.2020, на Twitter се појави објава на профилот @fonsprich, каде што сите профили што се спомнуваат погоре во воведот и разработката, јавно се договараат да прават скара на 16.07.2020, дента после предвремените парламентарни избори, веројатно за да прослават победа на партијата којашто јавно ја подржуваат. Профилите коишто се споменуваат во објавата, и некои понатаму споменати подолу во коментарите се: @DenicaMMM, @fonspricn, @Fortifikacija, @VojvotKata, @bez_mana, @Effo_Antivirus, @rojsusanto, @AcoMalio, @Vlatko100janosk, @nerazzurro7777, @kurbatseverdzan, @liberatormk, @Biktop16, @pRometej17, @rockatansky191, @BGeorgievski, @mastermindukps4, @olivergeorgievsk. Најголем дел од овие профили се истите кои Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ги разобличи како пласирачи и дистрибутери на говор на омраза и лажни вести во овој предизборен период. Во коментарите може да се забележи дека профилот @DenicaMMM пишува: „Нè има 100тина ќе се пребројимо и се гледамо да се гушнемо“.
Сево ова е доказ за оркестрираната промоција на партијата ВМРО-ДПМНЕ, (во повеќето случаи паралелно со Левица) и во исто време оркестрирано ширење на говор на омраза, навреди и дезинформации насочени кон останатите политички партии учесници на претстојните предвремени парламентарни избори, како и оцрнување, деградирање, клеветење и поттикнување омраза на етничка основа, но и кон граѓанските активисти и прогресивните сили во општеството воопшто.[1]
(продолжува)
[1] Мрежа на Tвитер профили – извор на говор на омраза и дезинформации во предизборната кампања Цивилмедиа, 10 август 2020
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Во постизборниот период, ЦИВИЛ објави серија извештаи и анализи за спроведувањето на изборниот процес. Во претстојниот период, Организацијата го финализира објавувањето на извештаите и анализите од мониторингот, по што ќе бидат подготвени и објавени препораки за идните чекори што треба да се преземат на повеќе правно-политички, институционални и општествени нивоа. Овие денови, ЦИВИЛ објавува делови од опсежната анализа под наслов „Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза“ која ја подготви медиумскиот експерт Петрит Сарачини, инаку активист и член на Собранието на ЦИВИЛ. Анализата е подготвена на педесетина страници, со конкретни примери и анализи за ефектите од кампањата, методите на пласирање на пораките, мрежите за оркестрирано ширење партиска пропаганда, дезинформации и омраза и низа други аспекти. На крајот од анализата се поместени заклучоци и препораки кои ќе бидат дел од пакетот препораки кои ЦИВИЛ ќе ги претстави пред јавноста и на институциите кон средината на септември.