На Фејсбук страната Македонски прес e објавена фотографија од новиот мурал во најава со коментар кој е варијација на изборниот слоган на СДСМ: „Денес градскиот стадион на Штип изгледа вака… Можеме повеќе, можеме уште подобро!“. Македонски прес во својот коментар не содржи говор на омраза, меѓутоа поттикнува коментари со говор на омраза и закани.
Под фотографијата има низа на коментари со говор на омраза кон ЛГБТИ лицата, како и закана за уметниците кои го цртаат муралот.
Иако во коментарите пишува дека муралот претставува зајдисонце и дека ќе има фигури кои ќе претставуваат приказна и дека не е поврзан со политички партии. Но, мразачите не престанаа со вулгарности и експлицитен говор на омразата. Повеќето коментари се заканувачки и тврдат дека таков мурал не смее да има во Штип.


Познато е дека говорот на омразата, особено кога тој е очигледно организиран на овој начин, може да предизвика насилство и дела од омраза. ЦИВИЛ констатира дека до сега, не се забележува активност на надлежните институции за спречување и санкционирање на бројните јавни закани и повици за линч на социјалните мрежи и во дел од интернет медиумите.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ
















































