„Во нашето здружение не постојат различности помеѓу нашите членови, активисти затоа што сите се залагаат за едно прашање, односно на правата на лицата со попреченост, без оглед на нивниот пол, возраст, националност, култура, верска определба или други постоечки разлики“, истакна Благица Димитровска од здружението „Инклузива“ во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“.
„Сепак тука се сите луѓе со сите видови на попреченост и нивните семејства, пријатели, другари, но и професионалци кои придонесуваат понатаму борбата за правата на лицата со попреченост да биде поголема. Разликите придонесуваат да се споиме заедно, да се залагаме заедно во однос на нешто во што сме дискриминирани или обесправени, каде што нашите права се ограничени или оневозможени никој сам ниту без некоја разлика не успеал да дојде до целта.
Мојата порака е „направи разлика, не гледај ја попреченоста – почитувај ја различноста“, порача Димитровска.
Биљана Јордановска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети