• Latest

“Напред!”: Започнува нова фаза на мобилизација на набљудувачите

March 18, 2016

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

“Напред!”: Започнува нова фаза на мобилизација на набљудувачите

March 18, 2016 13:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По успешно завршената прва фаза од проектот “Напред!”, која се реализираше во 29 општини, ЦИВИЛ – Центар за слобода, продолжува утре со втората етапа од проектните активности. Со два мобилни тимови, ЦИВИЛ во текот на утрешниот ден ќе посети шест општини.

Првиот тим ќе ги посети општините Свети Николе, Чашка и Лозово. Граѓан(к)ите, ќе имаат можност да се информираат за можноста за набљудување на престојните предвремени парламентарни избори. Жителите од овој регион ќе ги добијат потребните информации за проектните услови, различните позиции за набљудување и тековните активности на ЦИВИЛ.

Со истата агенда, вториот тим на ЦИВИЛ, ќе ги посети општините Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане. За време на посетата ќе бидат поделени триплети со информативна содржина за проектот “Напред!”.

12803188_917571971694606_1451914063179428368_n
Радовиш, 5-ти март 2016

Во првата фаза од проектот, со поминати неколку илјади километри, беа поделени над 11.000 флаери со едукативни и мобилизаторски содржини – 9.000 на македонски и 2.000 на албански јазик. На тој начин, во директен контакт со граѓаните, опфативме над 30.000 потенцијални набљудувачи на парламентарните избори.

Граѓан(к)ите кои сакаат да аплицираат за изборни набљудувачи, треба да испратат кратка биографија, мотивациско писмо и фотографија на е-адресата monitor@civil.mk,  до крајот на март 2016-та година.

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Tags: изборинабљудувачиНАПРЕДЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ