• Latest

НАРБМ: Бројот на пациенти со ретки болести расте, а Владата крати пари?!

September 28, 2016
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

НАРБМ: Бројот на пациенти со ретки болести расте, а Владата крати пари?!

September 28, 2016 14:49
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Националната алијанса за ретки болести (НАРБМ) искажува сериозна загриженост и несогласување со одлуката на Владата за намалување на средствата во Програмата за лекување ретки болести за 2016 година, за 49 милиони денари. Не можеме да разбереме, ниту прифатиме, намалување на средствата во Програмата за ретки болести, кога бројот на пациенти постојано расте, а сè уште има пациенти кои со месеци чекаат продолжување на започнатата терапија! Некои пациенти останаа повеќе од шест месеци без лекови. Терапијата мора да биде обезбедена во континуитет, бидејќи станува збор за хронични болести, кај кои,  каков било прекин на терапијата предизвикува нагло и сериозно влошување на здравствената состојба на пациентите“, се вели во соопштението на Националната алијанса.

1131_10151333777387240_862778633_n

Ања Босилкова Антовска

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Ања Босилкова Антовска, заменик претседател на НАРБМ и заменик претседател на НВО „Вилсон Македонија“.

„Овозможување навремена терапија е најважно за спречување на дополнителни здравствени проблеми, за адресирање на моменталните здравствени потешкотии, дури и за спречување на можни фатални исходи, и конечно, за обезбедување што подобар квалитет на живот на овие пациенти“, вели Босилкова.

10306401_895289200491356_5182917763572857839_n

НАРБМ во континуитет ги потенцира проблемите на пациентите со ретки болести (како и состојби за кои досега нема помош) во областа на дијагнозата, терапијата и следењето на болеста, и воопшто, со реализацијата на Програмата за ретки болести.

„Затоа, замолуваме да ни се објасни измената која е направена, дијагнозите кои ги засегнува, како и дали таа измена ќе доведе до скратување на програмата за ретки болести за 2017 година. Притоа, апелираме оваа ситуација да не се повтори во 2017, со оглед на тоа што ‘заштедата’ во Програмата е директно поврзана со нерешавањето на досега воочените проблеми, пред сé, неефикасното спроведување на тендерите и ненавремената набавка на планираните количини на лекови, што е многу загрижувачко и е директно на штета на пациентите“, смета Босилкова.

Како што велат од НАРБМ, ова не е прв пат да се „штеди“ на лицата со ретки болести. Минатата година за набавка на лекови за ретки болести, наместо предвидените 4,3 милиони евра, Министерството за здравство потрошило 2,5 милиони евра.

MZ-foto-500x278

Како реакција на веста дека Владата одлучи да скрати 797.000 евра за болните од ретки болести, од Министерството за здравство соопштија во медиумите дека не станува збор за кратење на средствата, туку за за префрлање на пари од една во друга фискална година, зависно од набавката на лековите и нивното плаќање. Според Министерството, испораките на лекови се вршат според потребите на пациентите, па  реализацијата на договорите, „најчесто преминува од една во друга фискална година, согласно повлекувањето на лековите кое е пропорционално со плаќањето“. Во соопштението на Министерството се тврди: „Ниеден пациент не е исклучен од Програмата за ретки болести, ниту им се намалува терапијата, која ја примаат. Напротив ова е развојна програма, која се надградува зависно од потребите на пациентите“

Марија Теговска

Tags: владаздравствоМакедонијапациентиретки болестиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ