• Latest

Наредната недела нова цена на стандардниот приклучок за струја

October 15, 2019

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Наредната недела нова цена на стандардниот приклучок за струја

October 15, 2019 13:21
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија за енергетика наредната недела ќе објави нова цена за стандардниот приклучок на струја, којашто, според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, ќе биде пониска од 400 евра, како што беше претходно најавено.

Бислимоски денеска информираше дека е во завршна фаза усвојувањето на новите цени за приклучоците.

– Ветивме дека тоа ќе почне од 1 октомври, но во последниот период го препроверуваме ценовникот што ни го достави ЕВН и во текот на наредната недела ќе ги објавиме новите цени, пониски од тие што ги најавивме и тоа е причина што малку го одолговлековме ова усвојување. Наредната недела ќе бидат објавени новите цени за стандардните приклучоци за струја кои ќе бидат пониски и од најавената сума од 400 евра.  Исто така ќе објавиме и дека кај 90 проценти од потрошувачите ќе има намалување на цените за приклучоци кои ќе бидат пониски од најавените 400 евра. Ќе има дополнителни намалувања. Во завршни дискусии сме со претставниците од Електродистрибуција, рече претседателот на РКЕ, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

РКЕ претходно најави дека во текот на август годинава ќе го одобри новиот ценовник, со кој трошокот за стандарден приклучок ќе се намали од 500 на 400 евра и ќе го зголеми опфатот на стандардни приклучоци, со цел да има поголем број граѓани кои при приклучувањето на куќите ќе може да ги намалат трошоците.

Во општините каде од разни причини советите не донеле соодветна планска документација, што беше предуслов за да се стекне некој со правото за „стандарден приклучок“, ќе може да се стекнат со таков статус новите корисници кои ќе се приклучуваат на мрежата, доколку се утврди дека се изградени повеќе куќи и има повеќе потенцијални баратели. Со тоа нема повеќе да влегуваат во категоријата „нестандардни приклучоци“ и да добиваат трошок за приклучување од три, четири, пет, па и шест илјади евра во зависност од побараната едновремена моќност, оддалеченоста од мрежата и од реалните трошоци на операторот на дистрибутивниот систем.

Бислимоски информираше дека РКЕ мината недела донела и измени на Методологијата за цените на нафтата и нафтените деривати, како обврска од  постоечкиот Правилник.

– Имавме период да ги коригираме густините, да направиме контрола и во тој дел  прифативме одредени барања од трговците и ја увидовме фактичката состојба, но со цел да нема влијание на цената маржата од 5,8 денари ја намаливме на 5,6 денари, како и трошокот за транспорт којшто беше 23 долари сега е 20 долари за тон. Сведоци сте дека во текот на вчерашниот ден кога ја донесовме одлуката за цени на нафта и нафтени деривати немаше никаква промена на цената, тоа беше вообичаена постапка. Во следниот период на контрола, согласно со измените, во април кога ќе треба да коригираме и други работи врз основа на податоците шти ги добиваме од компаниите  кои се занимаваат со оваа дејност, рече Бислимоски.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ