НАСЕР ПАЈАЗИТИ
Главен уредник на ИНА (Iliria News Agency) специјално за ЦивилМедиа.
Во Северна Македонија се создаде деструктивен дух и координирана кампања насочена кон тензии и дестабилизација. Оваа хибридна оркестрирана кампања го искористува спорот со Бугарија, и токму овој проблем е точката на ретроградниот развој насочен кон континуиран раст на евроскептицизмот.
Спорот со Бугарите се користи само како изговор, во оваа ситуација на големи геостратешки случувања, кои се поврзани со руската агресија во Украина.
Проруските кругови очигледно водат жестока активна хибридна битка преку различни канали, политички заднини на некои политички фактори во Северна Македонија и на социјалните мрежи, со лажни вести и добро оркестрирана пропаганда.
Францускиот предлог беше зафатен од хаосот и подбуцнувањето што го создаде прво опозицијата, а потоа и одредени медиуми, кои ја постигнаа целта со наметнување на ова негативно мислење.
Знаеме дека ЕУ претера со своето одолговлекување и недоследност во однос на процесот на европска интеграција на Западен Балкан. Но, францускиот предлог мораше да биде прифатен конструктивно и да биде дел од конструктивна дебата, а не да биде дел од жестока непријателска кампања, линч и ултиматуми.
Сметам дека по гласањето на Бугарија за укинување на ветото, во Северна Македонија треба да преовладува конструктивен пристап и да се постигне општ компромис за отворање на преговорите за членство во ЕУ, бидејќи овој процес има големи придобивки за земјата.