„Македонија е една прекрасна земја, во која живеат не само народите што се во преамбулата, туку и многу различни народи, и сите функционираат, се мешаат, имаме мешани бракови, мешани населби, мешани градови, и сето тоа е еден прекрасен колорит на различности.“, вели Мерсиха Смаиловиќ во видео порака за Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“.
„Ние во една уличка можеме да знаеме за сите празници, сите култури, сите нации, и мислам дека тоа е една предност, благодет која ја имаме како жители на Република Северна Македонија, коешто како искуство го пренесуваме и во другите земји во регионот. И каде што кажуваме дека можеме да живееме заедно едни со други и да го унапредуваме општеството во коешто живееме.
Различностите се за да се почитуваат и унапредуваат, за тоа да постигнеме до едно општество во кое ќе бидеме еднакви во своите достоинства и права, каде што слободно ќе ги манифестираме сите различности што ги поседуваме.“
Дијана Тахири
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска