Денешниот онлајн настан – „Мултикултурализам: Основа за развој, стабилност и почитување на човековите права и слободи“, беше во „Во Фокусот“ на ЦИВИЛ.
На настанот свои излаѓања имаа: Роберт Алаѓозовски, Националниот кординатор за интеркултурализам и еднакво општество, проф. д-р. Рубин Земон, новинарот Сеад Ризвановиќ, проф. д-р. Мимоза Ристова, како и Биљана Јордановска и Дијана Тахири од ЦИВИЛ.
Модератори на панелот беа Џабир Дерала и Дехран Муратов, ЦИВИЛ.
На панелот се отворија прашања за еднаквата основа за развој во различни сфери и аспекти, како што е застапувањето, образованието, вработувањата и слично, како да се креира и да се задржи таа еднаква основа, врз која се гради стабилноста на едно општество во сите аспекти. Со еднаквата основа за развој се почитуваат и човековите права и слободи, и се негува мултикултурализмот во нашето општество.
Панелот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Фотографија и камера: Ариан Мехмети