По повод јубилејот Пет години Шарена револуција, ЦИВИЛ организира програма во живо, денес, со почеток во 12 часот. Програмата ќе биде пренесувана на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на ЦИВИЛ. На настанот се поканети истакнати активисти за човекови права, кои учествуваа во Шарената револуција, како и во низа други протести за демократија, правда, слобода и еднаквост во нашата земја.