• Latest

Најчевска: На премиерот и на министрите да им се одземат пратеничките мандати и кривично да одговараат!

January 18, 2017
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Најчевска: На премиерот и на министрите да им се одземат пратеничките мандати и кривично да одговараат!

January 18, 2017 14:35
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Поради неспоивоста на пратеничката со други функции, премиерот Емил Димитриев, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за здравство Никола Тодоров и министерката за култура Елизабета Канческа Милеска треба кривично да одговараат, затоа што извршуваат министерски функции, а имаат верифицирани пратенички мандати“, тврди д-р Мирјана Најчевска.

„Функциите кои ги извршуваат во Владата во оставка, според Уставот, според Законот за пратениците, според Изборниот законик и според Деловникот на Собранието се неспоиви, а според Кривичниот законик, владините функционери треба да одговараат за лажно претставување“, децидна професорката д-р Мирјана Најчевска, која во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, посочува и дека Собранието, согласно со законските регулативи, треба итно да свика седница и да им ги ги одземе пратеничките мандати.

Д-р Мирјана Најчевска

НАЈЧЕВСКА: И Уставот и законот се многу јасни и многу децидни по прашањето на неспоивоста на пратеничката со други функции, посебно, со функции во извршната власт. Тоа е направено, затоа што поделбата на власта и контролата на Собранието над извршната власт, се еден од темелните камења на структуирањето на нашата правна држава и на структуирањето на демократијата во Република Македонија. Поради тоа, секој облик на негирање на оваа поделба на власт, а токму за тоа станува збор во моментот кога ќе дојде до спојување на функциите, всушност, е противуставно, односно е удар врз уставниот и правниот поредок во државата. Ова никако не смее да се смета за минорна работа, поради тоа што многу други елементи се поврзани токму со ваквиот начин на третман на неспоивост на функциите во извршната и во законодавната власт. На пример, во моментот кога имаме дуплирање на овие функции, не може да се остварува контролната функција на Собранието, коешто во моментов е конституирано. Инаку, би излегло дека еден пратеник сам себеси се контролира како претставник, како функционер во извршната власт!?

Исто така, не е јасно кое е мнозинството, бидејќи, ако имаме пратеници за кои не е сигурно дека навистина се пратеници, затоа што не е споива нивната функција со другата функцијата која што веќе ја имаат, во тој случај, не е јасно каде и колку имаме мнозинска структура во самото Собрание.

Трето во моментот има законски определени потписници во министерствата каде што министрите се избрани за пратеници, а тоа се нивните заменици министри. Тоа значи дека има лажно преставување на некого како претставник на едно министерство, што претставува и кривично дело, односно може да се бара и кривична одговорност.

ЦИВИЛ Медиа: Која е законската солуција за ваква ситуација?

НАЈЧЕВСКА: Законот е многу јасен. Во случај на ваква форма на конфликт на функциите, автоматски се одзема мандатот на пратеникот. Значи, се свикува седница на Собранието и тоа е еден од основите за одземање, за престанување на мандатот на пратеникот! Токму поради тоа што е толку важна оваа поделба на властите, нема никакво поинакво мислење, туку едноставно, само се одзема неговиот мандат. А, за прекршувањата коишто се направени во однос на лажното претставување, за тоа може да се поведе и кривична постапка. Уште повеќе, затоа што, како пратеник, еден човек има пратенички имунитет, а како министер нема таков имунитет, односно, нема никаков вид на имунитет. Тоа значи дека овие луѓе во моментот, доколку направат нешто, коешто потпаѓа под пратеничкиот имунитет, нема да можат да бидат соодветно гонети!

ЦИВИЛ Медиа: Што доколку сега поднесат оставка, кој би ја извршувал министерската функција? Може ли ВМРО-ДПМНЕ да именува други министри?

НАЈЧЕВСКА: Не се работи за тоа, дали може или не може да поднесат оставка. Во моментот на верификација на пратеничкиот мандат, тој човек не смеел веќе да биде министер. Значи, за овој период е веќе прекршен законот. За секое прекршување на законот, мора да се одговара. ВМРО-ДПМНЕ не може да даде нови министри, токму затоа постојат заменици министри, затоа што ова е Влада во оставка. Значи, не се министрите во оставка како поединци, туку Владата како структура, како организација, и токму за вакви ситуации се префрла потпишувањето на соодветниот заменик, којшто ги врши техничките работи сé до изборот на новата влада.

Моника Талеска

 

 

 

Tags: владаЕлизабета Канческа МилевскаЕмил ДимитриевМирјана НајческаНикола ПопоскиНикола Тодоровпратенички функцииСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ