Позицијата на НАТО за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина е јасна и непоколеблива.
Ова го изјави официјален претставник на НАТО во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилне“.
Тој рече дека воената алијанса ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно. НАТО е посветен на постигнување праведен и траен мир, додаде тој.
Официјалниот претставник рече дека останува на Украина да одлучи кога и под кои услови да се постигне мир. Според него, очигледно е дека има потреба од безбедносни аранжмани кои би обезбедиле војна да не се повтори.
Претходно, на 15 август, шефот на кабинетот на генералниот секретар на Алијансата, Стиан Јенсен, призна дека Украина може да се приклучи на НАТО во замена за „откажување“ на дел од својата територија. Потоа, Министерството за надворешни работи и Советот за национална безбедност и одбрана му одговорија на Јенсен, нагласувајќи дека Украина не тргува со територии и не треба да ги „допира нервите“ на Украинците.
Предходно, во јули, по резултатите од самитот на НАТО, претседателот Володимир Зеленскиј рече дека Украина никогаш нема да ги отстапи своите територии, „дури и ако е село во кое живее еден дедо“.
На 30 септември 2022 година, претседателот на Украина Володимир Зеленски, претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук и премиерот Денис Шмихал потпишаа апликација за пристапување на Украина во НАТО по забрзана постапка. Соодветната процедура предвидува влез во НАТО без МАП.
Истиот ден, генералниот секретар на НАТО Столтенберг рече дека пристапот на Украина во НАТО зависи од согласноста на сите 30 сојузници. Шефовите на голем број земји од Централна и Источна Европа официјално го поддржаа членството на Украина во НАТО.
Подготви: Д. Мишев