Четворица американски војници исчезнаа за време на воена обука во Литванија, а потрагата по нив сè уште трае. НАТО појасни дека изјавата на генералниот секретар Марк Руте, според која војниците се мртви, била погрешно интерпретирана.
Американската војска соопшти дека нивното оклопно возило „Херкулес“ било пронајдено потопено во вода, а за нивното извлекување работат американските и литванските воени сили, како и цивилни агенции.
Војниците биле дел од 1-та бригада на 3-та пешадиска дивизија и изведувале тактичка обука. Според литванските медиуми, тие исчезнале во близина на полигонот кај градот Пабрада, во близина на границата со Белорусија.
A.M.