• Latest
Фото: Народна Банка

Нацевска: Зеленото кредитирање и натаму расте, Народната банка презема мерки за поддршка

June 24, 2023
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Нацевска: Зеленото кредитирање и натаму расте, Народната банка презема мерки за поддршка

June 24, 2023 17:05
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Фото: Народна Банка

Фото: Народна Банка

Share on FacebookShare on Twitter

Климатските промени имаат негативно влијание врз економскиот раст и инфлациските притисоци, особено во помалку развиените економии. Сѐ поголем број централни банки гледаат на зеленото финансирање како на дел од нивниот мандат. Народната банка преку серија активности придонесува кон поттикнување на зеленото финансирање во домашната економија, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервју дадено при работната посета на Меѓународната конференција во Киргистан, каде што се зборуваше за предизвиците за централните банки во услови на сѐ поголема дигитализација на финансиските услуги, но и во услови на зголемување на свесноста за ризиците од климатските промени.

Зголемувањето на свесноста за климатските промени и придонесувањето кон зелена одржлива средина се дел од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на веќе преземените активности на ова поле, вицегувернерката Нацевска посочи дека Народната банка од 2021 година е дел од Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем, составена од централни банки и супервизорски тела и агенции, којашто има за цел да осмисли, да промовира и да развие најдобри практики во оваа област. Притоа, додаде и дека нашата централна банка започна редовно да ги објавува податоци за кредитите за зелено финансирање, односно кредитите наменети за проекти од областа на заштитата на животна средина и енергетската ефикасност од страна на банките, а од минатата година и преку измени во инструментот на задолжителната резерва, го поттикнува кредитирањето за овие намени.

Според податоците на Народната банка, на кои се осврнува вицегувернерката Нацевска во интервјуто, зеленото кредитирање бележи постојан раст, при што најголем придонес во растот имаат кредитите на корпоративниот сектор.

За рационализирање на активностите во оваа област, Народната банка во моментов работи на подготовка на Стратегија за поттикнување на зеленото финансирање којашто, меѓу другото, би ги дала насоките за работењето на банките во областа на зелените финансии, вклучително и транспарентно финансирање, истакна вицегувернерката Нацевска, говорејќи за зелената и дигиталната трансформација коишто во иднина можат да придонесат за градењето посилни економии отпорни кон шокови.

Во интервјуто, вицегувернерката се осврна и на други актуелни теми. Одговарајќи на новинарско прашање, таа говореше и за неодамнешните случаи на измами и колапсот на најголемата криптоберза ФТХ, кога излегоа на виделина ризиците од загуби и висока нестабилност поврзани со криптопазарот и се забрзаа глобалните напори за внесување на криптосредствата во регулативната рамка.

На ниво на Европската Унија, беше направен суштински чекор во овој поглед со новата хармонизирана Регулатива за пазарите на криптосредства (регулатива MiCA), усвоена на 16 мај 2023 година. Регулативата не претставува пречка за користење на новите дигитални производи, но гарантира дека новите технологии спаѓаат во опсегот на регулативата и управувањето со оперативниот ризик, истакна таа.

Говорејќи за криптопазарот во нашата држава, Нацевска посочува дека граѓаните треба да бидат внимателни, целосно да ги разберат специфични карактеристики и ризиците коишто ги носат криптосредствата и да донесуваат издржани одлуки засновани на личната толеранција на ризик.

За таа цел, Народната банка е активно вклучена во општото подобрување на финансиската писменост, бидејќи придонесува за индивидуалната, а со тоа и за целокупната финансиска стабилност, нагласи Нацевска.

Tags: вицегувернерказелено кредитирањеклиматски промениНБРСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ