Кога зборам патриотизам, мислам на куќата во која сум родена и улиците на кои сум израсната. Мислам на комшиите и на другарите и на роднините. На мирисот на детството и првиот допир со природата. Патриотизмот е гордост со се што е убаво во моето опкружување и свест за разновидноста на луѓе, вредности, религии, јазици, вкусови, сите собрани на едно место кое е местото на раѓање и прв контакт со заедницата.
Кога зборам национализам, мислам на докажување и на негирање, на непријатели, на освојување и поробеност. Мислам на предавници и шпиони, на заговори и тајни намери. Кога зборам национализам, мислам на хомогеност и истоветност и недоверба кон различното и страв од поинаквото. Мислам на лојалност без размислување, почит без прашање, жртва без испитување.
Јас мислам и зборам патриотизам. А на вас е да изберете.
Мирјана Најчевска
17 јули 2018