• Latest

Патриотот не е националист

July 17, 2018

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Патриотот не е националист

July 17, 2018 11:14
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Разликата меѓу патриотизмот и национализмот е повеќезначна, повеќеслојна, суштинска и препознатлива. Патриотизмот е временски постар поим и е во исто време и поширок и потесен  од поимот на национализмот.

Пишува: Мирјана Најчевска

Патриотизмот е поврзан со просторот и луѓето на тој простор (кој може да биде мал или голем, многу населен или малку населен, со богата историја или не толку богата историја). Национализмот е поврзан со државата како сопственост на една група, со нејзината величина и значење (во минатото, сегашноста, иднината), со сеќавањето и со себевреднувањето единствено или пред се преку вреднувањето на целината кон која некој припаѓа.

Кога зборам патриотизам, мислам на куќата во која сум родена и улиците на кои сум израсната. Мислам на комшиите и на другарите и на роднините. На мирисот на детството и првиот допир со природата. Патриотизмот е гордост со се што е убаво во моето опкружување и свест за разновидноста на луѓе, вредности, религии, јазици, вкусови, сите собрани на едно место кое е местото на раѓање и прв контакт со заедницата.

Кога зборам патриотизам, мислам на планините и на езерата, на сонцето и на богатството кое го дава земјата. Мислам со што можам да нагостам некого кој доаѓа од друга држава, што да му покажам, кои убавини да ги споделам и кои скриени катчиња на убавото да му ги откријам.

Кога зборам патриотизам, свесна сум за проблемите со кои се соочуваат луѓето околу мене, знам кои се недостатоците на местото на моето раѓање и живеење, сакам да го направам местото на живеење подобро за сите и сакам да донесам што е можно повеќе убавини тука, во местото на моето раѓање и живеење.

Кога зборам патриотизам, мислам на мене и моето битисување во местото на раѓање. Мислам на тоа какво значење имало и има парчето свет во кое прв пат сум прогледала. Мислам на се што сум добила на подарок во моментот на раѓање.

Кога зборам национализам, мислам на државата која е сопственост на мојата етничка група, на  она што не разликува како група од другите, на она што не прави подобри и позначајни од другите. Кога зборам национализам мислам на минатото низ изгубените и добиените битки и на супериорноста и на херојските жртви и победи.

Кога зборам национализам, гледам развиорени знамиња и симболи на моќта кои рикаат, летаат, заплашуваат, слушам еден јазик и препознавам една култура и една вера и една мисла и една цел во една држава, државата на мојата група. За сите нас единствена, за која вреди да се умре.

Кога зборам национализам, мислам на докажување и на негирање, на непријатели, на освојување и поробеност. Мислам на предавници и шпиони, на заговори и тајни намери.

Кога зборам национализам, мислам на хомогеност и истоветност и недоверба кон различното и страв од поинаквото. Мислам на лојалност без размислување, почит без прашање, жртва без испитување.

Кога зборам национализам, нема грешки на мојата група. Постојат само грешки и зли намери на другите (кои и да се).

Јас мислам и зборам патриотизам. А на вас е да изберете.

 

 


Фотографија во прилог на текстот: Киро Попов/kolektif.mk

Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: национализампатриотизамЦивика МобилитасЦивил
Share403TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ