Национализмот е во вртоглав подем, во сите негови форми, прикриен и отворен. Најчесто е глупав и евтин. Но, тоа што мене ме загрижува уште повеќе е дека тој е стожер на стратегиите на сериозни играчи на теренот со софистицирани и скапи алатки во нивните грабливи раце. Национализмот се користи најподмолно, најнечовечки. И нема ништо во неговата суштина. Тој е алатка за стекнување пари и моќ. Со национализам се доаѓа до што е можно подобра позиција во преговорите со оној што ја води власта на локално или на централно ниво.
Џабир Дерала
Етнички и партиски мускули, национализам и корупција
17 февруари 2019 година