На национализмот во било која форма, од било кого, во било каква па и најбенигдна, манифестацијат треба да му се каже гитла. Особено гитла на најпопуларните политичари, најстручните професорите, најеминентните уметницитем, најуспешните спортиски. Гитла за сите нив доколку форсираното национално им е толку примарно што во секојдневието се рефлектира како нациоанлизам, а национализмот е сеење омраза. На таквите ѕвезди заедницата треба да им симне капа за нивните стручни вредности и уметнички и спортски дострели и во истовртеме да им го заври грбот поради нивната фолирантско патриотска, а всушност шовинистичка матрица.
Последиците од дејствијата на таквите носители на нагласеното национално е национализмот. Жива и опасна рана на сите современи општества. Болест на минатите две три столетија. Инфективна зараза за која дваесетипрвиот век има вакцина но не умее секој да ја прими.
Зоран Иванов
Иванов: Национализмот е современа инквизиција
08 јули 2019 година