Национализам и корупција… Национализмот е во вртоглав подем, во сите негови форми, прикриен и отворен. Најчесто е глупав и евтин. Но, тоа што мене ме загрижува уште повеќе е дека тој е стожер на стратегиите на сериозни играчи на теренот со софистицирани и скапи алатки во нивните грабливи раце. Национализмот се користи најподмолно, најнечовечки. И нема ништо во неговата суштина. Тој е алатка за стекнување пари и моќ. Со национализам се доаѓа до што е можно подобра позиција во преговорите со оној што ја води власта на локално или на централно ниво.
А корупцијата? Длабоко, длабоко, во коренот на системот, на секоја структура, на секојдневието, во животот на секој од нас. Видлива и невидлива, разбирлива и неразбирлива, доброволно прифатена или наметната… таа е дел од нашата култура.
Џабир Дерала
Етнички и партиски мускули, национализам и корупција
17 февруари 2019