• Latest

Научно истражување укажува дека Кина можела да спречи 95% од случаите на коронавирус

March 17, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Научно истражување укажува дека Кина можела да спречи 95% од случаите на коронавирус

Владата потфрли во носењето мерки непосредно по предупредувањето на укажувачот.

March 17, 2020 16:42
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Информирајте се преку вонредните стории на „Глобал војсис“ за влијанието на КОВИД-19 во глобални рамки.

Написот што следи е напишан од Том Гранди и објавен е во „Хонг Конг Фри Прес“ (Hong Kong Free Press) на 14 март 2020 г. Одново го објавуваме на „Глобал војсис“ согласно договорот за споделување содржини.

Во неодамнешното научно истражување на Универзитетот во Саутемптон се вели дека Кина ќе успеела да спречи 95 проценти од инфекциите со коронавирусот доколку мерките за запирање на епидемијата започнеле три недели порано. Меѓутоа, Кина презеде строги мерки дури кон крајот на јануари – неколку недели откако полицијата замолче доктор поради обид да ја предупреди јавноста од вирусот.

Научното истражување ја мери ефективноста на нефармацевтските интервенции, и оваа недела беше објавено од страна на „ВорлдПоп“ (WorldPop), група што спроведува мапирање при Универзитетот во Саутемптон. Истражувачите испитувале како Кина ги изолирала заразените лица, ставала во карантин лицата изложени на вирусот, лоцирала контакти, ограничувала патувања, затворала училишта и работни места и откажувала масовни собири.

Анализата – која допрва треба да се разгледа од фелата – откри дека навременото откривање случаи и намалувањето контакти ефективно го контролирале вирусот и дека комбинираните мерки можe да ја намалат трансмисијата на вирусот. Мерките исто така можe да го одложат ширењето и да го намалат бројот на случаи во пикот на епидемијата и на овој начин да добијат на време за да се подгови здравството и да се истражат лекови.

Симулациите се базираа врз движењето на луѓето и врз податоците за болеста, за да се прикаже како комбинираните интервенции може да влијаат на ширењето на КОВИД-19.

Според научното истражување, бројот на заразени случаи со коронавирусот можел да биде понизок за 66 проценти ако мерките се преземеле една недела порано, или за 86 проценти ако се реагирало две недели порано. Во случај да се реагирало три недели подоцна, ситуацијата можела да биде осумнаесетпати полоша.

Замолчување на укажувачот: д-р Ли Венлианг

Најголемите напори да се спречи избувнување на вирусот се случија кон крајот на јануари, неколку недели откако д-р Ли Венлианг, офталмолог од Вухан, се обиде да предупреди за мистериозната болест на 30 декември. Тој се најде меѓу осумте лица кои полицијата ги казни на 1 јануари поради ширење „гласини“ за вирусот.

Бирото за јавна безбедност го натера Ли да потпише изјава во која тврди дека ширел „невистини“ и дека „сериозно го нарушил јавниот ред“. Тој почина минатиот месец од оваа болест, на 34 годишна возраст, што ги разгневи кинеските граѓани.

Според „Њујорк Тајмс“, Кина исто така ги отфрлила понудите за помош во јануари од Центрите за контрола и превенција на болести на САД и од Светската здравствена организација.

Пандемија

Со оглед на тоа што вирусот сега се смета за глобална пандемија, истражувачите од Универзитетот во Саутемптон заклучуваат дека мерките за општествено дистанцирање треба да продолжат наредниве неколку месеци и дека пристапот на Кина треба да се примени на сите други места што поскоро.

„Строгиот, повеќеслоен пристап на Кина најверојатно спречил далеку полоша ситуација, што ќе го забрзаше ширењето на глобално ниво“, се вели во истражувањето.

извор: mk.globalvoices.org

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ