• Latest

Најважните избори за Македонија

September 25, 2017

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Најважните избори за Македонија

September 25, 2017 19:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред секој изборен процес во Македонија, без разлика дали станува збор за парламентарни, претседателски или локални избори, постојано се зборува за некакви промени, a овој пат, стигнавме и до најави за „нова ера“, која ќе ни ја донесат локалните избори.

Мирјана Најчевска: Изборните нерегуларности ќе продолжат и понатаму!

„Од 1994 година се зборува дека ова се најважните избори, и дека одеднаш сè ќе почне одново“, вели професорката Мирјана Најчевска, алудирајќи на тоа дека граѓаните немаат претстава дека гласаат за елементарни и приземни работи од локален карактер, а не за надворешна политика, меѓународни односи или пак, промена на име.

Наспроти Најчевска, д-р Сашо Орданоски вели дека овие избори навистина се најважните избори и тоа барем од три аспекти.

Сашо Орданоски: Локалните избори ќе ја определат судбината на политичките партии и нивните лидери!

Според Орданоски, локалните избори ќе определат три важни процеси и тоа, „судбината на неколку партиски лидери, кои потоа ќе определат што ќе се случува со самите политички партии ако доживеат пораз, и трето, изборите ќе бидат оценка за единствениот важен процес, а тоа е, во кој правец ќе се движи Македонија, не само на меѓународен, туку и на домашен терен“.

Орданоски прогнозира дека овие избори ќе ја определат политичката судбина, особено на Груевски и на Ахмети, но и на другите политички лидери.

„Како последна одредница која ќе ја определат овие избори е временската дистанца до наредните парламентарни избори, односно, дали повторно ќе имаме предвремени парламентарни избори“, вели Орданоски.

Она за што сите говорници беа согласни на денешната конференција „Слободни избори за слободно општество“ на ЦИВИЛ која онлајн ја следеа нешто повеќе од 15.000 граѓани е дека „најважните“ избори за земјата, мора да поминат во фер и демократски услови и, конечно, изборните нерегуларности да бидат соодветно санкционирани и казнети.

Осман Кадриу: Правото е во криза!

Професорот д-р Осман Кадриу вели дека во Македонија покрај политичката владее и правна криза. „Правната криза означува и претставува сериозни правни проблеми кои немаат правна разрешница“, рече Кадриу,, потсетувајќи дека досега, освен неколку условни пресуди и нема одговорност, иако на сите изборни циклуси досега се утврдени сериозни нерегуларности и кршење на изборното право.

Александар Новаковски: За фер и демократски избори мора да се спроведат сите препораки!

Апсурдно е да се говори за фер и демократски избори, особено ако знаеме дека ниту 20% од забелешките и препораките од парламентарните избори во декември 2016 година, не се исполнети, тврди Александар Новаковски. 

Конференција: „Слободни избори за слободно општество“, 25.09.2017

Според мислењето на аналитичарите, но и на многубројните пораки адресирани до ЦИВИЛ за време на конференцијата, се поставува прашањето: дали воопшто може да стане збор за фер и демократски избори, доколку е повредено правото на глас, на макар еден граѓанин? Или пак, непочитувањето на датумот за почеток на предизборната кампања, имајќи предвид дека сите политички партии одамна ја започнаа својата кампања… Ова, дотолку повеќе што некои од нив не ја ни завршија претходната кампања за предвремените парламентарни избори, па во градовите низ земјата сè уште стојат плакати со носителите на листите на одделни изборни единици.

Томас Герберих: Македонското општество се наоѓа во огромен процес на реконструкција!

Во контекст на одржувањето на локалните избори и воопшто, на актуелната политичка ситуација во земјата, новиот германски амбасадор во Македонија, Томас Герберих, истакна дека македонското општество се наоѓа во огромен процес на реконструкција. „Една работа мора да биде јасна, сето ова е во интерес на државата и луѓето мора да продолжат со реформските процеси“, истакна амбасадорот Герберих.

Крис Хеншо: Ако не е тешко да се одржат избори, исто така не е тешко и да се крадат гласови!

Крис Хеншо, го поздрави вчерашното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори од страна на сите учесници во изборниот процес и акцентираше дека оваа држава не зависи од изборите кои се одржуваат на секои 4 години, но и дека истовремено изборите се основата на демократијата.

Сандра Гавриловска: Отсуството на практична примена на пропишаните казни и санкции е поради нефункционирањето на државните органи.

„Македонската демократија нема повеќе простор и шанса за проверка на слободата и законитоста на изборите“, рече Сандра Гавриловска, правна експертка и членка на Експертскиот борд на ЦИВИЛ. Таа смета дека отсуството на практична примена на пропишаните казни и санкции е поради нефункционирањето на државните органи.

Драган Малиновски: Најважно е прашањето за финансирање на изборните кампањи бидејќи тука е примарниот зародиш на корупцијата.

Гавриловска и Драган Малиновски се согласни дека еден од побитните предуслови за фер и слободни локални избори се законското и транспарентното финансирање, кампањи без средства од буџетот, јавни и транспарентни извештаи и одговорност од сите учесници во изборниот процес.

Имајќи ги предвид сите досегашни изборни процеси во земјата, јасни и очекувани се многубројните реакции на јавноста кои денеска пристигнаа во електронското сандаче на ЦИВИЛ. Од проблемите со Избирачкиот список, до учеството на лица за кои се водат судски спорови, или пак, се дел од предистражни постапки.

Еден од многуте такви коментари е од граѓанка која прашува: како може да веруваме на Кодекс потпишан од осуден воен злосторник, или пак, од луѓе кои треба да бидат во затвор?

Џабир Дерала: Ни претстојат деликатни избори, валкана кампања и многу мирен изборен ден…

Од сите неизвесности кои нè очекуваат наредниот период, извесно е само дека пред нас се деликатни избори, валкана кампања и многу мирен изборен ден на „најважните избори за Македонија“.

 

Маја Ивановска

Фотографии: Биљана Јордановска

Tags: ГавриловскаГерберихДералаизбориКадриукампањаМалиновскимониторингНајчевскаНоваковскиОрданоскифинансирањеХеншоЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ