• Latest

Неделна анализа: Груевски не успеа, Македонија без влада, Иванов мора да донесе одлука!

January 30, 2017

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неделна анализа: Груевски не успеа, Македонија без влада, Иванов мора да донесе одлука!

January 30, 2017 17:55
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија и по над еден ипол месец од изборите, нема влада. Мандатарот Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер на Македонија (пред една година поднесе оставка, како дел од точките на Договорот од Пржино) не успеа да состави нова влада, иако на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември 2016, неговата партија дојде до 51 пратенички мандат.

Првиот јасен сигнал дека ја загуби довербата кај граѓан(к)ите по 10 години владеење, дојде токму на изборите, со недостигот од 10 пратенички мандати, кои се услов за парламентарно мнозинство. А, втората јасна порака, и тоа од партиите на етничките Албанци во Македонија, ја доби синоќа кога ДУИ не му изгласа доверба, поточно одлучи да не коалицира со ВМРО-ДПМНЕ. Без 10-те мандати од ДУИ, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја загубија можноста да останат владејачка партија. Политички аналитичари посочуваат и на можни договори меѓу долгогодишните политички партнери Груевски и Ахмети, за да го спречат претседателот на државата, Ѓорге Иванов, мандатот да го додели на член на партија, која ќе обезбеди парламентарно мнозинство,во случајот, тоа би бил СДСМ, а следен мандатар – лидерот Зоран Заев. Во секој случај, нема сомнеж дека Груевски веќе не е круцијална фигура на македонската политичка сцена.

ДУИ се придржува кон Платформата

Платформата која што постизборно (на 7 јануари 2017) ја усвоија три од партиите на етничките Албанци во Македонија, по советувањата со премиерот на Албанија, Еди Рама и претседателот на Косово, Хашим Тачи е императив за ДУИ, како една од партиите, потписнички на документот. ДУИ не постигна согласност со ВМРО-ДПМНЕ за точките од Платформата, и како што соопшти гласноговорникот на партијата, на прес-конференција пред седиштето на партијата во Мала Речица, затоа и не коалицира со долгогодишниот политички партнер. Според Бујар Османи, и натаму остануваат петте опции  на маса, кои ги разгледува Претседателството: ДУИ да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ, широка коалиција, ДУИ да замине во опозиција или да иницира нови избори.

ВМРО-ДПМНЕ пред полноќ (на 29 јануари 2017) се огласи со соопштение, во кое, меѓу другото, посочи на одржување нови избори, како единствено „зрело решение, во функција на надминување на кризата и поставување на реформски приоритети во прв план. Секое друго решение само ќе доведе до нова конфликтност и проблеми во, и онака поделеното, општество и нема да биде во фукција на одржливост и остварување на чии било програмски цели“.

А, СДСМ пак потсети на жестоката анти-албанска предизборна реторика на мандатарот Груевски, во улога на партиски лидер, кога „Албанците ги нарекуваше ‘Шиптари’, бараше 63 пратеници за да не зависи од ДУИ, а сега, моли за поддршка“.

Минатата недела, лидерот на СДСМ, Заев оствари средба и со амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река, информирајќи го за очекувањата на СДСМ за завршување на политичката криза. Притоа, Заев изразил очекување дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на 29 декември ќе го врати мандатот (што и се случи), како и дека СДСМ ќе формира Влада.

Специјалното јавно обвинителство отвори две нови истраги

„Тенк“ и „Тарифа“ се нови два случаја коишто ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а со кои се опфатени седум лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Едната истражна постапка се однесува на тендер на ЕЛЕМ, при што осомничените лица со неизвршување на службената должност, овозможиле правното лице – конзорциум, кој подоцна го добил тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација. Вредноста на склучениот Договор за јавна набавка е 4.092.420 евра, а причиниле штета во износ од 456.560 евра.

Втората истрага е за набавката на мерцедесот на екс-премиерот Груевски, Во конкретниот случај постои основано сомнение дека со цел да ја исполнат желбата на тогашниот премиер за набавка на специјален тип на патничко моторно возило, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење на јавни набавки, незаконски да повласти – фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип.

Постои основано сомнение дека второосомничениот во постапка по јавни набавки, иако бил свесен за незаконското привилегирање на определен економски оператор, сепак, донел одлука за избор на најповолна понуда и склучил договор за јавна набавка на возило на износ од 29.852.542 денари и ДДВ во износ од 5.373.458 денари или околу 572.7800 евра.

Брисел апелира да се продолжи мандатот на СЈО

И изминатава недела додека траеја преговорите на релација ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ, од Брисел стигнуваа пораки дека новата влада во Македонија, мора да го продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

За решавање на политичката криза во Македонија клучна улога, според меѓународната заедница, има Специјалното јавно обвинителство кое ги опфаќа кривичните дела што произлегуваат од аферата „Прислушување“, а во кои се инволвирани многу политички фигури од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Токму ова, и барањето за двојазичност, беа „црвената линија“, на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Груевски, во преговорите со ДУИ.

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БриселЃорге ИвановЗоран ЗаевНеделна анализанеуспешен мандатарНикола Груевскинова владаСЈО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ