• Latest

Не е затворен финансискиот извештај за „Мајки“, Милчо Манчевски не доставил документи

February 6, 2023

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home КУЛТУРА

Не е затворен финансискиот извештај за „Мајки“, Милчо Манчевски не доставил документи

February 6, 2023 10:09
in ИЗЈАВИ, КУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СОЊА ТАНЕСКА

Претседателката на Антикорупциската комисија за ЦИВИЛ Медиа изјави дека се чека извештај од Државниот завод за ревизија во врска со исплати од Филмскиот фонд, за филмови врзани со режисерот Милчо Манчевски и други режисери, но директорот на фондот Бојан Лазаревски вели дека откако тој е на позицијата директор на оваа институција никој не побарал документи за истрага.

-Откако јас сум именуван како директор на Агенцијата за филм, до институцијата нема доставено било какво барање за податоци или спроведени постапки во однос на доделување на поддршката и трошењето на средствата поврзани со горенаведените проекти или во врска со наведениот автор, вели Лазаревски.

Ова се малку контрадикторни информации по објавата на ЦИВИЛ Медиа на текстот „Банана продукција, Милкман Продакшн и Милчо Манчевски – гаранција за успех на филм или тезга за големи пари?, каде врз основа на документи се посочени нејасни исплати во врска со филмовите „Мајки“ и „Врба“, за што беше прашана и ДКСК од каде рекоа дека ќе одговрат на прашањата.

Со оглед на документите кои ги поседува редакцијата на ЦИВИЛ Медиа спорно е што финансискиот извештај за „Мајки“ не е затворен, а тогашната Влада на Никола Груевски „изразила поддршка за филмскиот проект“ со дополнителни средства, пред воопшто и да се донесе официјална одлука за финансирање на филмскиот проект од страна на Филмскиот фонд.

Владата на 88 седница одржана на 28.07.2009 година донесува заклучок со кој се задолжува Министерството за култура средствата во износ од 24.800.000 денари / 403.252 евра да ги предвиди во буџетскиот циркулар за 2010 година, а Одлуката за финансирање по Конкурс е донесена на 11.08.2009 година, додека, пак, Договорот за финансирање е склучен на 31.07.2009 година со Филмскиот фонд, што значи пред донесување на Одлуката на УО на Филмскиот фонд.

„Мајки“ од Филмскиот фонд добива 55.800.000 денари/ 907.317 евра.

Исто така, и средствата се исплатени пред донесување на Одлуката (не е запазена соодветно законската процедура, а произлегува од притисоците кои вообичаено ги врши продуцентот).

  • 9.000.000 денари уплатени на 05.08.2009 година
  • 9.000.000 денари на 08.08.2009 година и
  • 5.000.000 денари на 11.08.2009 година на денот кога е донесена Одлуката

Согласно извештајот на Филмскиот фонд изготвен на 16.04.2013 година, во својот наративен извештај продуцентот истакнува дека за промоција на филмот воопшто не добил средства и дека самиот ги обезбедил, што не кореспондира со фактичката состојба и документите.

Агенцијата за филм ги потврдува документите

Од Агенцијата за филм потврдуваат дека  за проектот „Мајки“ од страна на продуцентот Милчо Манчевски евидентно според документацијата во досието за реализацијата на проекот, бил доставен финансиски извештај за кој е извршен увид во доставената документација и според извршениот увид од страна на службениците во Агенцијата за филм (тогаш Филмски фонд) до продуцентот доставено е барање за достава на документација која во првичниот извештај недостасувала, со цел да се направи релевантна финанисиска анализа.

-По доставеното барање до продуцентот, видно од досието за проектот „Мајки“, склучен е и договор со ревизорска куќа Делоит (бр.02-291/3 од 20.03.2014г.), но после договорот не постои трага за извршен увид во финансискиот извештај за проектот. Од документацијата во досието не може да се утврди дали од страна на Делоит е извршен увид во финансиски извештај за проектот „Мајки“ и доколку е направен дали истиот е позитивен или негативен, велат тие во својот одговор.

И Агенцијата за филм не знае што точно развивал Манчевски во Њујорк за филмот „Врба“

Според документите кои ги поседува ЦИВИЛ Медиа, „Милман продакшн“  е основана на 20.12.1996 година, а согласно договорот кој е склучен со „Банана филм“ ДООЕЛ, треба да го менаџира проектот за филмот „Врба“.

За овој филм конкретно, од Буџетот на проектот за режисерот (Милчо Манчевски) се издвоени 10.080.174 денари / 163.905 евра, а неговиот личен асистент и консултантот по историја чинат вкупно 516.850 денари / 8.404 евра.

За развој на сценариото Манчевски е платен 3.843.750 / околу 62.000 евра, а вкупниот развој на филмот чини 13.501.434 денари / 219.535 евра.

Сепак и покрај овие суми планирани во буџетот за филмот „Врба“, преку компанијата „Банана филм“ ДООЕЛ, на два пати се исплатени суми од 48,272,30 и 41,308 долари, или околу 80.000 евра, што според заедничкиот договор се префрлени за развој на филмот кој својата премиера ја доживеа во октомври 2019 година, а сумите се исплаќани на 24.09.2018 година и 17.05.2019 година, од каде не се гледа што точно развивал Манчевски.

И од „Банана продукција“ не добивме одговор во оваа фаза што точно режисерот развивал во Њујорк.

-За проекот „Врба“, пак на секоја фаза на исплата се изготвувани извештаи за контрола во трошоењето на средства меѓу кои е и извештајот за извршен увид бр.08-166/42 од 23.12.2019г. во кој од страна на службениците во Агенцијата се констаирани исплати кон Милкмен Продукција Њујорк со нејасно и недетално специфицирани трошоци. И двата проекти погоренаведени се целосно исплатени од страна на тогашната НУ Филмски Фонд претходник на Агенција за филм., се вели во одговорот на Агенцијата

Покрај ова од Агенцијата за филм потврдуваат дека според извештајот за извршен увид бр.08-166/42 од 23.12.2019г. констатирани се исплати кон Милкмен Њујорк во износ од 4.920.000 денари/ околу 80.000 евра, но дека не располагаа со информација во чија сопственост е именуваната компанија согласно договорот за соработка за развој на пректот.

Колку пари смеел да добие Манчевски за „Мајки“

-Според податоците кои се достапни во Агенцијата за филм, согласно Законот за филмски фонд, максимален износ кој можело да се додели на филмски проект бил 30.000.000 денари, а за проектот според податоците во досието се доделени 55.800.000 денари кои се додлени на Конкурс и согласно извесно Известување бр.14-975/4 од 31.07.2009г. од Министерството за култура и Извадок од нацрт записник од осумдесет и осма седница на Влада на РМ бр.19-3890/1 од 28.07.2009г. кои се наведени во Договорот за склучување на проектот бр. 03-533/1 од 31.07.2009г, велат од Агенцијата за филм.

Тие додаваат дека одлуката за прифаќање на истиот проект е согласно отворениот конкурс е на 11.08.2009 Год. Првичните исплати се направени на 05.08.2009 год и 10.08.2009 год. Наведните дописи од Министерство за култура и Владата не се физички во архивата на Агенцијата за филм, бидејќи според Записник бр.03-144/9 од 03.06.2019г. истите се дадени на чување во Државниот архива на РСМ.

Финансиските средства за филмски проекти се доделуваат по пат на отворен Конкурс, со постапка детално опишана во Законот за филмската дејност и Правилник за поблиските критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 97/14).

Tags: Агенција за филмДКСКМајкиМилчо Манчевски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ