• Latest

„Не“ на Макрон за проширување на ЕУ

October 25, 2019
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

„Не“ на Макрон за проширување на ЕУ

October 25, 2019 09:06
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЕРВАН ФУЕРЕ

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018 година. Во неговата порака, претседателот Макрон истакна дека Преспанскиот договор (со кој земјата имаше прифатено да го промени своето уставно име како замена за грчката поддршка за нашите ЕУ и НАТО аспирации) е клучен за „ плановите што ги имаме за иднината на вашата земја“.

Празно ветување како што се испостави.

Македонската влада, меѓутоа,го зема за збор. Преспанскиот договор беше ратификуван од страна на македонскиот парламент и сега се спроведува, отстранувајќи го она што се сметаше за главна пречка за пристапувањето на земјата во НАТО и ЕУ. Владата направи сé што е во нејзина моќ, со неколку не така незначителни препреки на патот, за да ги исполни барањата за реформа поставени од страна на Европскиот совет во јуни 2018 година. Надежта беше дека ќе биде донесена одлука за отворање на пристапни преговори на јунскиот состанок на Европскиот совет, во согласност со препораките на Европската комисија уште од 2018 година, дека ќе се отворат преговори за пристапување со Албанија и Северна Македонија.

Без да биде донесена одлука во јуни, очекувањата беа дека зелено светло конечно ќе биде дадено на октомвриската сесија на Европскиот совет, барем за Сверна Македонија. Постоеше колебање од страна на мал број на земји во однос на Албанија, поради пролонгирање на реформите и влошената политичка клима во таа земја. А во меѓувреме за Северна Македонија, дури и германскиот Бундестаг повикуваше на отворање на пристапни преговори, постоеше одлука, исто така, поддржана од парламентот во Холандија, земја која првично имаше изразено одредено колебање.

Француско вето во кревка средина

Но, Франција поинаку одлучи, со претседателот Макрон одбивајќи да дозволи било каква одлука, дури и само за Северна Македонија, инсистирајќи дека ЕУ треба прво и пред сé да се концентрира на сопствените реформи пред да се залага за понатамошно проширување. Тој, исто така, повика за нова методологија на преговорите за пристапување.

Со тоа, ги тргна на страна апелите кои беа повторувани од сите шефови на ЕУ институциите и од други ЕУ лидери, посебно од канцеларката Меркел, која се обиде да го убеди за тоа колку е важно ЕУ да ги почитува повторуваните ветувања дадени на регионот на западен Балкан низ годините, како и за стратешките интерси на ЕУ да ги приближи земјите од регионот во ЕУ. Ако ова беше начин на кој Макрон бараше одмазда за колебањето на Меркел во однос на неговите предлози за внатреши ЕУ реформи во текот на псоледните две години, тој секако успеа. Но, по која цена?

Тврдоглавоста на претседателот Макрон ги погоди во срце ЕУ политиките за проширување и зададе тежок, ако не и смртоносен, удар на кредибилитетот на ЕУ во нејзиното најблиско соседство. Прашањата на лидерите на земјите од регионот за тоа како да се очекува да имаат доверба во ветувањата на ЕУ се сосема оправдани, ако на крајот на денот тие ветувања ништо не значат? Како можат тие да се спротивстават на тврдокорни националистички елементи и криминални мрежи кои се сосема задоволни кога гледаат како статус квото продолжува?

Нема сомнение дека контнуираната двосмисленост во намерите на ЕУ кон регионот ќе послужи само за зајакнување на тие негативни сили кои работат против неопходните реформи. Исто така, ќе ја отвори уште пошироко вратата за други актери кои премногу сакаат да стават свој отисок во регионот за да ги задоволат нивните агенди, ЕУ да не е веќе „единствената игра во градот“.  Токму претседателот Јункер беше тој кој во своето обраќање до Европскиот парламент во септември 2018 ги истакна опасностите „нашето непосредно соседство да го обликуваат други“, јасно упатувајќи на растечкото влијание на Кина, Русија и Турција во регионот.

Забелешките што ги покрена Франција не се нови. Веќе во неговото обраќање до Европскиот парламент во април 2018 година, претседателот Макрон нагласи дека иако не е против самото проширување, дека тој е за понатамошно продлабочување на процесот на европска интеграција пред да се примат нови членки. Оваа година тој повика за реформи во методологијата на самиот процес на проширување, без да даде било какви специфики. Но, зад овие забелешки лежи подлабока загриженост на Макрон, на која тој индиректно алудираше за време на Европскиот Совет. Укажувајќи на Aлбанците дека претставуват втор најголем број на баратели на азил во Франција, тој посочи дека би било невозможно тој пред своите граѓани да го оправда отворањето на пристапните преговори со таа земја во дадените околности со локални избори закажани за следната година во франција, како и траумата што надвиснува од Брегзит, несомнено Макрон не е спремен да биде виден како поддржува политика за проширување која не е популарна меѓу гласачите во Франција, особено меѓу оние во популистичката орбита.

Француски пристап на кој му недостига логика

Иако ваквата загриженост може да биде оправдана, решението што го изнесе претседателот Макрон за запирање на процесот на ЕУ проширување се чини дека нема логика. Колку повеќе се ослабнува перспективата за ЕУ членство, толку повеќе се зголемува егзодусот на млади луѓе кои не само што ја напуштаат Албанија, туку и други земји од регионот. Колку повеќе се одложува процесот на ЕУ проширување, толку потешко ќе биде да се задржи мотивацијата за потребните реформи во регионот. Колку поголем е степенот на двосмисленост во намерите на ЕУ во однос на Западен Балкан, толку послабо ќе биде влијанието на ЕУ во однос на тие засегнати земји, со влошено ниво на корупција и понатамошно опаѓање на демократските реформи.

Потребна е реформа на процесот на преговарање, но не треба да биде на сметка на замјите од западен Балкан кои чекаат да се приклучат на ЕУ, а камоли на почетокот на пристапните преговори. Нема причина зошто реформите не би можеле да се воведат додека продолжуваат преговорите.

Дали новата Комисија ќе успее повторно да стекне лидерство во однос на агендата за проширување?

Со новата Комисја која тукушто ќе го започне петгодишниот мандат, сега е време да се воведат тие реформи, од кои повеќето се наведени во Стратешкиот документ на Европската комисија од февруари 2018 година. Покрај тоа што истакнува силна молба за поголем ангажман на ЕУ во Западен Балкан, наведува и специфични предлози кои, доколку се имплементираат, би можеле да обезбедат поголема ефективност на стратегијата за проширување на ЕУ. Колку е понаметлива контролата врз реформите во земјите од Западен Балкан, посебно во областите на владеење на правото и борба против корупцијата, толку поквалитетни ќе бидат реформите на подолги патеки. Ваквата посилна контрола, исто така, би одговорила на критиките изразени од страна на францускиот претседател и од холандскиот премиер меѓу другите дека не се става доволно акцент во преговарачкиот процес на владеењто на правото и раздвојувањето на овластувањата. Не треба да заборавиме дека феноменот „заробена држава“ беше исто толку неуспех на земјите од Западен Балкан да ги испорачаат реформите, колку што беше на ЕУ да дозволи тоа да се случи, игнорирајќи ги многуте знаци на предупредување во текот на годините во неколку од овие земји.

Како што е кажано многу пати досега, Комисијата ќе треба, исто така, да го промени својот метод на преговарање. Треба да се дистанцира од елитниот воден процес кој ги има привилигирано вкоренетите елити наспроти поширокиот спектар на општеството. Преговорите кои се во тек со Црна Гора и Србија се типичен пример за овој пристап, каде политичките лидери стануваат посилни на сметка на демократските институции. Откако беше сведок како многу препораки на Комисијата се игнорирани од страна на земјите членки, новата Комисија ќе треба да работи напорно за повторно да стекне лидерство во процесот на проширување и довербата на истите тие земји членки дека може да испорача.

Но, останува прашањето дали кои било од овие реформи ќе бидат доволни за да го убедат Макрон за заслуженоста на земјите да им се дозволи продолжување на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Според заклучоците на октомвриската сесија на Европскиот совет, истиот „ќе се наврати на прашањето за проширување пред Самитот ЕУ/Западен Балкан во Загреб во мај 2020 година“. Ќе биде потребно подолго време за да се реши основното непријателство помеѓу францускиот претседател и други со некои земји членки на Исток, самите предмет на критики во однос на владеењето на правото над прашања поврзани со корупцијата.

Опасност од поголема политичка нестабилност и незадоволство во најблиското соседство на ЕУ

Ова не претставува прв пат Франција да блокира надежи на земја што аплицира за влез во ЕУ. Иако историските околности се мошне различни, овој пат влијанието од „не“ на Франција, најверојатно ќе бидат далеку полоши. Покрај разбирливата горчина и огорченост од ЕУ, веќе слабите државни институции и несигурната правна држава ќе бидат дополнително поткопани од политичка нестабилност и парламентарни бојкоти. Сé поразорената јавност, уморна од политичари кои не умеат или не сакаат да го одржат ветувањето, а некои и збогатувајќи се во процесот, уште повеќе ќе се оддалечат доколку идната насока на земјата остане неизвесна а пристапувањето во ЕУ неостварлив сон.

Анализата е објавена на CEPS.EU
превод: Наташа Цветковска


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ