Национализмот и говорот на омраза ќе не држат како заложници на минатото, ќе нè исполнат со негативна енергија и ќе нè онеспособат, прво како индивидуи, потоа како општество и како држава. Во секој случај, самите ќе ги трпиме штетите и последиците
Апелирам до родителите да не го носат товарот на омраза кон различните од себе, врз своите деца и внуци. Да не дозволат минатото да ја одредува иднината на децата и нивните внуци. Не правете ја иднината на децата во заложништво на вашето минато! Децата и припаѓаат на иднината, дајте им крилја да одат напред, бидејќи секое враќање назад е неуспех за нив, но и за вас, како родители.
Лиса Баута
Национализам – дегенерација на патриотизмот!, објавено на 4 ноември, 2020