Знаци на воени злосторства, политичка репресија и геноцид се забележани во акциите на руската армија на територијата на Украина. Покрај разурнувањето и убивањето, руските агресори од градовите во Украина кои се под руска окупација киднапираат цивили, деца, новинари, градоначалници.
Според најновите информации до кои дојде ЦИВИЛ, руските агресори досега киднапирале 12 градоначалници од окупираните украински градови, на кои им се губи секоја трага.
Во Доњецката област, населено место Николске, округ Мариупол, на 12.3.2022 г. е киднапиран градоначалникот Олех Јулиович Мендрин.
Во Запорожје, во градот Мелитопол на 11.03.2022 киннапиран е градоначалникот Федоров Иван Сергеевич , а два дена подоцна, на 13.3.2022, од сопствена куќа, Мелитопол киднапиран е и Претседателот на Окружниот совет Мелитопол, Серхи Миколајович Пријма.
Во местото Днепарудне, на територијата на Василивка во областа Запорожје, на 13.3.2022 година, од сопствена куќа во Днепрорудна киднапиран е градоначалник на Днепрорудна, Евхен Серхиович Матвеев.
На 31.03.2022 година, од сопствена куќа во селото Долина, на територија на Токматски, област Запорожјекиднапирана е градоначалничката на Молоќански, Ирина Володимиривна Липка.
Од селската заедница Шевченкивска, област Миколаев, на 10.03.2022, киднапиран е селскиот началник на с. Лубомиривка, округот Миколаев, Олех Валериович Пилипенко.
Од Харковско село Циркуни, област Харков, на 21.3.2022 г. киднапиран е селскиот начелник Микола Василиович Сикаленко.
Од Керсонската област, село Мајлове, округ Берислав, на 24.3.2022 г. од своето работно место киднапиран е селскиот началник Олех Володимирович Јахниенко.
Од населеното место Нижни Сирогози, реон Хенически, Керсонска област, на 24.3.2022 г. киднапиран е селскиот началник на с. Нижни Сирогози, Дмитро Антонович Такаџи.
Село Нова Олександривка, бериславски реон, Керсонска област, на 27.3.2022 г. одработно место киднапиран е селски началник на с. Новолександривски , Олександр Јакович Левченко.
Од Керсонската област, меснос Хола Пристан, на 28.3.2022 г. од работно место месен началник киднапиран е Олександар Володилирович Бабич.
На 01.04.2022, месноста Нова Каховка, Керсон територија на Тавријск, Керсонска област, киднапиран е градоначалникот Микола Иванович Ризак.
На киднапираните градоначалници им се губи секоја трага и нема информации за нивнаѕта натамошна судбина.
Драган Мишев