• Latest

Неизвесно дали и кога Заев ќе разговара со Ципрас

June 2, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Неизвесно дали и кога Заев ќе разговара со Ципрас

June 2, 2018 07:56
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Останува неизвесно дали и кога македонскиот премиер Зоран Заев ќе се слушне со неговиот грчки колега Алексис Ципрас и дали како што беше најавувано може да се дојде до решение за спорот и нивна средба во Преспа, откако неименуван преставник на грчката Влада изјавил дека „по се изгледа се оддалечува можноста за договор во следните денови за решавање на спорот со името, коментира претставник на грчката Влада“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истиот владин претставник чија изјава ја пренесе грчката агенција АНА-МПА се оддлечува и можноста за телефонски разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.

– ПЈРМ очигледно сe уште не е подготвена да се одговори на она што беше договорено во Брисел меѓу двајцата министри за надворешни работи. Според тоа можноста за договор во текот на следните денови се чини дека се оддалечува, рекол претставникот на грчката влада.

По ова македонската Влада повика на одговорно политичко однесување на двете страни.

– Во овие моменти не треба да се подлегнува  на шпекулации. Одговорното политичко однесување на сите политички фактори во двете земји е од најголема корист и во интерес на изнаоѓање решение, изјавија за МИА од Владата, како одговор во врска со коментарот на грчкиот владин претставник.

Премиерот Заев, вчера во македонското Собрание побара од опозицијата да не шпекулира за разговорите за името

– Немојте да шпекулирате дека некој нешто прави во четири очи. Зоран Заев секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста. Никола Димитров секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста. Секој документ што е создаден на формален состанок стои во архивите, на МНР, во Влада, кај претседателот на државата, истакна премиерот Зоран Заев од парламентарната говорница предупредувајќи ги пратениците од опозицијата дека со своите дискусии можат да направат непоправлива штета во процесот за решавање на спорот за името.

Вчера претседателот Ѓорге Иванов побара од премиерот Зоран Заев да му го достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите.

– Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување на поширок консензус за прашањето за името, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го охрабрува претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев да ги достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

Иванов останува на ставот дека не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба.

Последните случувања на релација Скопје – Атина, постојано се во фокусот на медиумите во Грција, а новинарите прогнозираат, повикувајќи се на свои извори дека „Република Северна Македонија“ е името кое што е во предност во однос на останатите предлози на медијаторот („Република Нова Македонија“, „Република Горна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“ и „Република Македонија (Скопје)“ – предлог одбиен од грчката страна).

Сепак, исто како и од македонска, така и од грчка страна нема официјална потврда кое е името за кое што се согласиле двете земји.

(МИА)

Tags: ЗаевимеМакедонијанеизвесностПреговорипредлозиЦипрас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ