„Се додека не сфатиме дека човекот е човек, дека човекот е добар или лош, дека човекот може да биде корумпиран или некорумпиран, а не да се делиме и двоиме по нации, бидејќи не може да велиме „јас сум против национализмот, ама против нивниот, бидејќи нивниот е лош национализам а мојот е добар“.
Национализмот како појава во едно општество, треба да се минимизира, бидејќи национализмот дефинитивно носи кон себе некаква супериорност во однос на другите, дека јас сум подобар, мојата нација е подобра, или мојата нација во овој момент е во некаква опасност, јас сум тука да ја штитам, да се борам за правата на мојата нација, загрозени сме, негирани, и слично. Од другата страна го имаме патриотизмот, којшто и кај мене буди некои посебни чувства и себеси се сметам за патриотка бидејќи си ја сакам мојата нација, мојот национален идентитет, но не сметам дека сум супериорна во однос на другите или поразлична од другите бидејќи како што кажавме битно е дали е човекот човек и дали е добар или лош“.
Мерсиха Смаиловиќ
Смаиловиќ: И „нашиот“ и „вашиот“ национализам е еднакво лош
21 август 2020 година