• Latest

Нема кохабитација меѓу Иванов и Владата

January 24, 2018
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

August 27, 2025

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Нема кохабитација меѓу Иванов и Владата

January 24, 2018 14:43
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

По последните парламентарни избори стана јасно дека Претседателот на државата и Владата на Република Македонија ќе бидат од спротивни политички опции. Со цел да функционираат и двете институции, во пракса, се прави кохабитација при што секој ќе си ја извршува својата уставна улога и има обврска да ги штити националните интереси.

Пишува: Велин Стојановски

Владата на Република Македонија во програмата 3-6-9, како основен национален интерес го определи долго очекуваниот влез на Република Македонија во НАТО и ЕУ и секојдневно максимално се ангажира истиот да постане реалност. Патот е трнлив и тежок затоа сите општествени и политички институции, поединци во институциите и медиумите треба да работат да го олеснат совладувањето на сите пречки на тој пат. При донесувањето на секоја одлука и реализацијата на одредена активност секојпат треба да се постави прашањето колку таа одлука придонесува кон приближувањето кон целта или пак ќе нѐ оддалечи од истата?

Таква обврска има и Претседателот на Република Македонија кој со последната одлука за отповикување на одбранбеното аташе на Република Македонија во Вашингтон, САД, не водејќи сметка дека во најкритичниот момент ја остава државата без воен претставник во најмоќната НАТО членка при што, случајно или намерно, придонесува да се оддалечиме од НАТО.

Повеќе причини ме наведуваат да заклучам дека во овој случај претседателот не соработувал со Министерството за одбрана на Република Македонија. Прво и основно, указот за отповикување е направен нестручно, односно погрешно е ставена точката од Законот за одбрана, според кој се отповикува именуваниот, така што, наместо указот да произлезе од член 18, став 1, точка 12, со која е пропишано поставувањето и отповикувањето на воени аташеи, аматерски е направена грешка и истиот е поврзан со точка 11 од истиот член и став со која се пропишува унапредувањето на генералите. Погрешно напишан, формално-правно указот е невалиден, а таква грешка професионалците во МО и ГШ на АРМ не можат да направат.

Второ, за отповикување на одбранбеното аташе во МО не се планирани финансиски средства и сега сигурно ќе мора да се пренаменат повеќе од еден милион денари на штета на други активности. Војниците ќе јадат конзерви и ќе одат во искинати униформи, а парите непотребно ќе се фрлат за непланирани селидбени трошоци на одбранбеното аташе. Сега, коректно би било кон граѓаните и пред сѐ, припадниците на АРМ, Претседателот лично со свои средства да ги покрие тие трошоци или отповиканиот сам да си ги плати сите селидбени трошоци за себе и семејството.

Трето, ако полковникот бил планиран да биде поставен на генералска должност во АРМ, зошто само пред две години од истиот претседател е назначен на должноста одбранбено аташе во Вашингтон. Одреденото лице требало да биде поставено на командна должност во единиците на АРМ, а вака, од командир на вод, директно на генералска командна должност, а во блиска иднина можеби и НГШ на АРМ. Ова покажува дека немаме, ама баш никаков, персонален менаџмент, а да не зборуваме за менаџмент по стандардите на НАТО. Менаџирањето со персоналот е во надлежност на Министерството за одбрана, а претседателот, без предлог од министерството, самоволно го повлекува полковникот и си го унапредува.

Следен показател дека нема кохабитација е тоа што Претседателот сите укази ги потпишал како врховен командант на вооружените сили на Македонија, а се врзува за член 18 од Законот за служба каде што Претседателот на Р. Македонија е воедно врховен командант на Армијата. Указите кои се подготвувани и потпишувани од страна на експертите од одбраната, претходно се потпишувани од Претседателот на Р. Македонија.

Последно, во сите три укази е напишано да се извршат веднаш, тоа веднаш за војниците треба да значи дека во истиот момент е извршено. Но, тоа во случајов е невозможно затоа што после указот за отповикување на полковникот, прво Министерот за одбрана требало да донесе решение со кое ќе се регулираат сите прашања во врска со извршување на указот. Претседателот и не чекајќи да биде извршен првиот указ, истиот ден потпишува нови два указа за поставување на должност аѓутант на претседателот, а потоа, без да е примена должноста и указ за унапредување во повисок чин. Истите, исто така, требало да се извршат веднаш.

Професионализам или аматеризам? Професионалците знаат дека прво треба да се предаде едната должност за која треба време, па после да се прими нова должност и откако ќе се прими должноста, да се биде унапреден во повисок чин. Аматерите тоа го „извршуваат веднаш“ со тоа што „веднаш“ временски е неопределено и траеше месец дена, а може да биде и после две години. Како што впрочем беше извршувањето на указот за назначување одбранбено аташе во Германија.

После ваква постапка, се поставува логичното прашање, како понатаму?

Најпрвин, професионалците од МО треба да го вратат указот за отповикување, да се направат исправки во истиот. Второ, во МО да се формира комисија која ќе ги согледа законските одредби и предложи одредени измени, при што предвид треба да ги земат искуствата од други држави. Во најголемиот број на држави, изборот и назначувањето на одбранбените аташеи е во надлежност на Министрите за одбрана. Бидејќи и кај нас по закон менаџирањето на персоналот е во надлежност на Министерството во иднина назначувањето и отповикувањето на одбранбените аташе со чин полковник и пониско да биде во надлежност на Министерот за одбрана, а за генерали надлежноста да остане кај Претседателот.

Втората измена на законот или, поточно, дополнување на законот, со која треба да се пропишат критериуми за унапредување во чин генерал, според кои одреден полковник, за да биде унапреден во генерал, треба минимум последните три службени оценки да му бидат одлични по сите елементи на оценување. Не смее да се продолжи со праксата полковници со оценки два по одреден елемент или со заклучна оценка се истакнува (Многу добар), да бидат унапредени во чин генерал. Сегашниот претседател унапреди тројца полковници во бригаден генерал, вклучувајќи го сегашниот НГШ на АРМ и командантот на ЗОК, со двојки физичко и заклучни оценки „се истакнува“ или „многу добри“. Генералите во НАТО се со одлични оценки по сите елементи, а така беше и во АРМ пред Иванов да стане претседател. Има потреба детално да се опишат кои должности треба да ги извршувало лицето пред да биде унапредено во чин генерал, а не како во последниот случај, највисока командна должност командир на вод или чета, без извршувани други командни и оперативни должности во АРМ. Исто така, за  селектираните полковници пред унапредувањето во генералски чин позитивно мислење да даваат НГШ на АРМ, МО и собраниската комисија за одбрана и безбедност.

Трето, МО да предложи измени на формацијата и систематизацијата, при што должноста одбранбено аташе во САД да биде со чин генерал, а аѓутант на претседателот да биде командантот на гардата, пракса која функционира во многу држави. Со тоа ќе се избегне праксата што ја има сегашниот претседател, скоро половина од генералите да биле аѓутанти на претседателот, а претходните претседатели ниту еден.

Претседателот на државата може да не ги сака политичките опоненти кои ја водат  извршната власт, но заради заштита на националните интереси треба да соработува со Владата и да не донесува одлуки на своја рака, со што можеби е единствениот во државата што не сака да влеземе во НАТО, а е врховен командант на Армијата.

Како граѓанин на Република Македонија и поранешен офицер на АРМ, ги замолувам надлежните да најдат решение и што побрзо упатат лице на местото одбранбено аташе во САД. Многу е значајно, на најсилниот член во НАТО да му посветиме поголемо внимание. Лицето кое ќе го упатите, треба одлично да го познава функционирањето на армијата на САД, со што побрзо ќе се вклопи во работата.

 

Авторот е магистер по национална безбедносна стратегија

Print Friendly, PDF & Email
Tags: IvanovбезбедностгенералиЗакон за службаНАТОСАД
Share59Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ