• Latest
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Нема потреба од преодна или техничка влада, се подготвува четвртиот владин сет мерки за пензионерите, невработените, самохраните родители…

August 27, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Нема потреба од преодна или техничка влада, се подготвува четвртиот владин сет мерки за пензионерите, невработените, самохраните родители…

August 27, 2020 16:07
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Спасовски: Нема потреба од преодна или техничка влада, институциите имаат доволен капацитет

Нема потреба од никаква преодна или техничка влада, затоа што сметам дека овие институции имаат доволен капацитет да одговорат на потребите на граѓаните, а тоа е да им овозможат да донесат слободна одлука, изјави на денешната прес-конференција техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

Прашан за тоа дека веројатно е последен технички премиер, Спасовски потсети дека моделот на формирање влада по Пржинскиот модел е договорен во услови на режим.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Активистката Ирина Банишка во рамки на проектот „Зелените доаѓаат“  што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел, зборува за социјалната правда, урбанизмот, зелени вредности, еколошка правда и образованието.

„Иако последните години се направени позитивни промени на оваа тема, сметам дека едноставно не смееме да замолчиме мораме да останеме гласни. Но, за проблемите обично зборуваат луѓето што директно се соочиле со неправда. Луѓето што не се соочуваат со социјални проблеми се тие што молчат, независно што мислат и сакаат работите да се сменат на подобро. Тоа е себично. Не мора проблемот да е личен за да се реагира, ако денеска не е твој, утре тоа може да се смени, а како општествен проблем нема да исчезне. Потребен е голем исчекор напред, и многу гласни граѓани за да се влијае врз политичките агенди, за да се случат значителни промени“.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Во предлог-програмата на новата Влада, чиј избор Парламентот го закажа во сабота на 29 август, предвидено е намалување на привилегиите на јавните функционери со цел да се спречи злоупотреба на функцијата за лични цели, намалување на буџетските трошоци и зголемување на ефикасноста во вршењето на функцијата.

Четвртиот сет на мерки, кој ќе биде донесен веднаш по формирањето на новата влада, ќе биде за пензионерите кои имаат пензии до 15 илјади денари, за невработените, односно неактивни баратели на работа и за самохраните родители да добијат домашни платежни картички, изјави техничкиот премиер во заминување Оливер Спасовски.

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше и се обрати на Вебинар на тема „Геополитичките проблеми на Западен Балкан среде Корона криза, Евроатлантска перспектива“ организиран од Алумни асоцијацијата Маршал Центар на Република Северна Македонија, во партнерство со Маршал Центарот од Гармиш и Секторот за јавна дипломатија на НАТО.

Владата и родителите разговараат за начинот на одвивање на наставата. Средношколскиот сојуз не отстапува од закажаниот протест в понеделник (31 август) и покрај тоа што со вчерашната одлука на Владата почетокот на учебната година е одложен за еден месец односно за 1 октомври.

СЛОБОДНА ЗОНА 

Дехран Муратов во колумната „Големи и мали националисти“! пишува: „Додека големите „патриоти“ се препукуваат преку медиумите или социјалните мрежи, за тоа кој е поголем патриот, и додека разни политичари, аналитичари, па дури и глумци шират параноја и омраза, тврдејќи дека Македонија и Македонците ќе ги снема поради „преспанскиот договор“, „тиранската платформа“…, и се колнат дека државата и нацијата ќе ги бранат по цена на (туѓиот) живот, не гледаат во што ги претвараат младите (средношколците) од различни етнички заедници, кои секојдневно користат говор на омраза и пцовки на социјалните мрежи, а неретко „правдата“ ја решаваат и на улица со тупаници, клоци, ножеви“…

Д. Муратов

 

Share41Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ