• Latest

Големи и мали националисти!

August 27, 2020

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Големи и мали националисти!

August 27, 2020 14:44
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Дехран Муратов

Додека големите „патриоти“ се препукуваат преку медиумите или социјалните мрежи, за тоа кој е поголем патриот, и додека разни политичари, аналитичари, па дури и глумци шират параноја и омраза, тврдејќи дека Македонија и Македонците ќе ги снема поради „преспанскиот договор“, „тиранската платформа“…, и се колнат дека државата и нацијата ќе ги бранат по цена на (туѓиот) живот, не гледаат во што ги претвараат младите (средношколците) од различни етнички заедници, кои секојдневно користат говор на омраза и пцовки на социјалните мрежи, а неретко „правдата“ ја решаваат и на улица со тупаници, клоци, ножеви…

Минатата недела ЦИВИЛ Центар за слобода организираше панел дискусија на тема – национализмот кај младите, односно што е тоа што ги поттикнува младите да бидат националисти и каква корист имаат од тоа? Заклучоците од таа панел дискусија се дека младите се водат по тоа „колку повеќе ги мразиш „другите“, толку повеќе се истакнуваш во својата заедница и дека ги сакаш „своите“. Главните виновници за создавање на ултранационалисти е слабиот образовен систем и домашното воспитување.

За жал, кај нас младите наместо да се сплотат и заеднички да ги решаваат проблемите кои ги засегаат, тие се бават со „големи проблеми“. Наместо сите млади (средношколци) да се соберат на едно место и да си ги бараат правата, без разлика на нивната етничка, верска, родова припадност… гледаме националистички пораки, кои содржат говор на омраза.

Еден од претставниците на средношколскиот Сојуз, Бленди Ходаи, добил низа на навреди и закани само затоа што повикот за средношколскиот протест на Фејсбук го објавил и на албански јазик. Дел од пораките гласат: „Ова е Македонија не е Албанија“, „шиптар еден“, „гнаса“, „ќе се видиме надвор“…

На ваквите навреди Ходаи одговорил со пораката: „Вистинските индијанци излегуваат на површина“, веројатно инспириран од една аудио-снимката каде што екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Албанците ги нарекува „индијанци“.

Малолетни лица користат големи зборови и пораки со кои може да предизвикаат големи проблеми и инциденти. Пораките како што се „племе“ или „индијанци“, воопшто не се корисни за нашето мултиетничко општество. Говорот на омраза на социјалните мрежи може да предизвика инциденти и дела од омраза, затоа мора веднаш да профункционира системот и институциите да бидат на висина на задачата и да спречуваат било какви инциденти и тепачки, на автобуска, во автобус, на улица, во парк, било каде, а сторителите да добијат максимална казна. Политиката на неказнивост мора веднаш да запре за да не ни се случуваат немили настани!

Младите мора да сфатат дека животот не е видео игра и дека социјалните мрежи треба да служат за запознавање и ширење на позитивни работи, љубов, разбирање, дружење…, а не да служат за „фалење“ дека некој некого истепал, или дека запалил шума, или да навредуваат или да се закануваат на некого затоа што е „различен од нив“…

Но, и родителите треба да посветат повеќе внимание на своите деца и да следат што објавуваат на социјалните мрежи!

Млади дечки и девојки, дај оставете ја политиката и национализмот на „големите“, кои нели, се „бават“ со такви работи. А вие, дружете се, сакајте се, почитувајте се, бидејќи животот е краток не го трошете на омраза…

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ