• Latest
Фото: Скриншот од видео на CNN

Немоќни да го натераат Путин да прифати прекин на огнот, Трамп и Венс оркестрирано се нафрлија на Зеленски

April 15, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Немоќни да го натераат Путин да прифати прекин на огнот, Трамп и Венс оркестрирано се нафрлија на Зеленски

April 15, 2025 13:18
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Скриншот од видео на CNN

Фото: Скриншот од видео на CNN

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Претседателот и потпретседателот на САД, ореде очигледниот неуспех на нивната агенда да стават крај на руската војна во Украина, немоќни да извршат притисок врз Путин да го прифати мировниот план на Трамп за запирање на огнот, своите напади и притисоци и обвинувања ги насочија повторно кон жртвата на агресијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски за започнување на војната со Русија – еден ден по масовниот руски напад во Украина, во кој загинаа 35 лица, а 117 други беа повредени, а набргу потоа следеше и обвинувањето на потпретседателот Венс дека Зеленски упатил „апсурдни“ критики дека САД застанале на страната на Русија

Американскиот претседател рече дека украинскиот лидер ја споделил вината со рускиот претседател Владимир Путин за „милиони загинати“ во војната во Украина, објави Би-би-си.

„Не започнувате војна против некој 20 пати поголем од вас, а потоа се надевате дека луѓето ќе ви дадат некои проектили“, им рече тој на новинарите во Белата куќа, обвинувајќи го повторно и поранешниот американски претседател Џо Бајден за конфликтот, дезавуирајќи ја улогата на Путин како единствен директен виновник за војната.

Апсурдно, но коментарите на Трамп доаѓаат по широкиот бес во светот поради рускиот напад врз украинскиот град Суми во неделата, кој беше најсмртоносниот руски напад врз цивили оваа година.

Запрашан за нападот претходно, Трамп рече дека е „страшен“ и дека му било кажано дека Русија „направила грешка“, но не даде детали.

„Милиони луѓе загинаа поради три лица“, рече Трамп во понеделникот. „Да речеме Путин број еден, да речеме Бајден кој немаше поим што по ѓаволите прави, број два и Зеленски“.

Се проценува дека стотици илјади, но не и милиони луѓе се убиени или повредени од сите страни откако Русија започна целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Преиспитувајќи ја компетентноста на Зеленски, Трамп забележа дека украинскиот лидер „секогаш барал да купи проектили“.

„Кога започнувате војна, знаете дека можете да победите“, рече американскиот претседател.

Трамп постојано е во судир со Зеленски откако тој се врати на функцијата оваа година, а претходно се чинеше дека ја обвинува Украина за започнување на војната.

Тензиите меѓу двајцата се високи уште од нивната жестока конфронтација во Белата куќа во февруари.

За време на тој состанок, Трамп го обвини Зеленски за „коцкање со Третата светска војна“ и го прекори што порано не започнал мировни преговори со Русија.

Спротивно на тоа, американскиот претседател прави напори да ги подобри односите со Москва.

Трамп рече дека имал „одличен“ телефонски разговор со Путин минатиот месец, а рускиот претседател му испратил портрет како подарок една недела подоцна.

Во февруари, Вашингтон гласаше заедно со Москва против резолуцијата на ОН која ја идентификуваше Русија како „агресор“ во руската војна против Украина.

Откако разговорите меѓу американските и руските претставници не успеаја да произведат прекин на огнот во Украина, Трамп иако рече дека е „многу лут“ на Путин, сепак додаде дека има „добри односи“ со рускиот лидер, и не изврши дополнителен притисок врз рускиот претседател.

Да не остане покусо, како на состанокот во Овалната соба на 28 февруари, каде се чини дека додаде масло на тензиите меѓу двајцата лидери , во вербалниот напад врз Зеленски се приклучи американскиот потпретседател Џ.Д,Венс, кој го обвини украинскиот претседател за „апсурдни“ критики за застанување на страната на Русија

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс на 15 април се спротивстави на критиките од претседателот Володимир Зеленски, велејќи дека е „апсурдно“ да се обвини Вашингтон дека е на страната на Русија, објави Ројтерс.

„Мислам дека е некако апсурдно Зеленски да и каже на (американската) влада, која моментално ја држи целата негова влада и воените напори заедно, дека некако сме на страната на Русите“, рече Венс, пренесува Кијив Индипендент.

Забелешките уследија по интервјуто за CBS News, во кое Зеленски го посочи Венс за повторување на реториката на Кремљ и го обвини американскиот потпретседател дека се обидува да ја оправда руската инвазија на Украина.

„Тоа е промена на тонот, промена на реалноста… и не сакам да се вклучам во изменетата реалност што ми се прикажува“, рече Зеленски, повикувајќи се на состанокот во Овалната соба на 28 февруари, кога го предизвика Венс да ја посети Украина и од прва рака да биде сведок на уништувањето предизвикано од целосната инвазија на Русија. Венс одби, тврдејќи дека украинската влада организира „пропагандни турнеи“ за да ги обликува западните наративи за војната.

Венс, водечки глас во надворешната политика „Америка на прво место“ на администрацијата на Трамп, долго време се противеше на американската воена помош за Украина. Тој тврди дека таквата поддршка ги оптоварува американските даночни обврзници и го одвлекува вниманието од домашните приоритети.

Откако Русија ја започна својата целосна инвазија во 2022 година, Венс привлече критики за минимизирање на значењето на војната и повторување на точките за разговор усогласени со Кремљ.

Набргу по почетокот на инвазијата, тој рече дека „не му е грижа за Украина“, изјава што оттогаш ја бранеше врз основа на приоритет на интересите на САД.

„Тоа не значи дека морално ја поддржувате руската кауза или дека ја поддржувате целосната инвазија“, рече Венс.„Но, мора да се обидете да разберете кои се нивните стратешки црвени линии, на ист начин како што треба да се обидете да разберете што Украинците се обидуваат да излезат од конфликтот.

Зеленски постојано предупредуваше дека целта на Москва не се преговори, туку освојување, и дека опстанокот на Украина зависи од тоа што Западот ќе продолжи да обезбедува воена, финансиска и политичка поддршка, предупредувања кои, барем засега, наидуваат на „глуви уши“ во врвот на Белата Куќа

За тоа како Трамп и неговата администрација ги сфаќаат напорите за обезбедување траен мир во Украина, и комерцијалните бенефити кои тој би ги донел за САД, можеби најдобро говори изјавата на Стив Витков, специјалниот претставник на Трамп кој оствари средба со Путин во Санкт Петерсбург:

„Постои можност за преобликување на односите меѓу Русија и САД преку некои многу привлечни комерцијални можности кои мислам дека даваат вистинска стабилност и на регионот. Партнерствата создаваат стабилност“, рече Виткоф кој по средбата со Путин му претстави на Трамп „непристоен предлог“ за давање „сопственост“ на Москва  врз четири окупирани украински региони како најбрз начин да се постигне траен мир.


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Владимир ПутинВолодимир ЗеленскиДоналд ТрампЈ. Д. Венс
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ