• Latest
Џабир Дерала

Неодговорените прашања се како нерешени убиства

August 15, 2021

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Неодговорените прашања се како нерешени убиства

August 15, 2021 18:30
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Во текот на изминатите две-три години на адресата на ВМРО-ДПМНЕ се испратени стотина, можеби и нешто повеќе прашања. Ниту еден одговор не пристигна назад. На онаа помалата нивна сестринска партија им се поставени (само) дваесетина прашања. Па помали се, нормално. Како и да е, и на помалите, реакцијата им е иста како на ВМРО-МВРО: нема одговор. Ах, пардон, еднаш ни вратија со контрапрашање – зошто сме го поддржале влезот на Северна Македонија во НАТО. Не одговорија на прашањата, но затоа поставија контрапрашање. Им одговоривме на нивното контрапрашање, но одговор на нашите прашања пак не добивме.

НЕОДГОВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА СЕ КАКО НЕРЕШЕНИ УБИСТВА

Зошто ли не одговараат на прашањата? Сакаат ли нешто да кажат со тоа? Што и да сакаат да кажат, треба да знаат дека неодговорените прашања се како нерешени убиства. Случаите никогаш не застаруваат.

А нови прашања има и ќе има уште повеќе. Ќе ја искористам оваа прилика да поставам уште неколку. Бидејќи се нови и актуелни, можат да почнат со најновите, прво за пцуењето (вчера го објавив: Какво е тоа пцуење господине Мицкоски?), а потоа и овие:

  • Зошто ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше на Конференцијата „По Охрид“? Која е пораката? Како мислат да се борат за власт на било кое ниво во државата, кога за ниту едно важно прашање не се произнесуваат, во ниту еден важен процес не учествуваат?
  • Дали ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за локалните избори или навистина има проблеми во составувањето на листите со кандидатки и кандидати? На пример, се слуша дека Коце Трајановски одбил да биде кандидат, па се навестува кандидирање на шефицата на Сојузот на стопанските комори, Арсовска.
  • Дали, доколку не успеат да најдат доволно кандидатки и кандидати, ќе бараат одложување на изборите?
  • Дали на терен работат на блокирање и бојкотирање на пописот, како што беше случај во пресрет на претходниот термин во април оваа година?
  • Зошто не се одзваа на поканата на Претседателот Пендаровски заедно да го одбележат Илинден?

И, да го поставам истото прашање (од вчера) по третпат: Какво е ова пцуење, господине Мицкоски? Дали на повидок е нова партиска стратегија според која вокабуларот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се спушти уште едно скалило подолу, поблиску до оној на фејк-Левица? Како може партиски шефови и функционери да си дозволат јавно да се закануваат, да навредуваат и да пцујат?

ПОТСЕТУВАЊЕ НА СТАРИТЕ, НЕОДГОВОРЕНИ ПРАШАЊА

За потсетување, еве избор од насловите со линкови до текстовите во кои се објавени прашањата од кои најголем дел се испратени и на партиските мејлови: Прашањата му се поставени на Мицкоски, може да ги одговори кога сака и како сака (22 ноември 2020), Јавна покана за интервју со господин Христијан Мицкоски (прв и втор дел, 23 и 24 октомври 2020), Љубезни прашања до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ (23 февруари 2020), Татиниот математичар, „дипломатските победи“ и неодговорените прашања (20  ноември 2019). Да, точно така, ниту едно прашање од овие текстови, не е одговорено, како ни сите други поставени порано или во меѓувреме. Таму има и многу прашања за финансирањето на партијата и за милионските „дупки“ во нивните финансиски извештаи, за профитите од хидроцентралите во времето на Груевски и многу други.

Еве, да не се почувствуваат занемарени, пар линкови од јавно (и по мејл) поставени прашања и до помалата сестринска партија фејк-Левица: Кога лажеше шефот на Левица-E Majta? (16 јули 2021), Прашања до Апасиев како мисли да го спроведе стрелањето (23 јули 2020). Има уште, пратени се по мејл кај нив (ќе ги објавам и тие деновиве).

Секое неодговорено прашање значи дека нешто се крие од очите на јавноста, а најчесто и од законот. Јас нема да престанам со поставување прашања.

 

ПС. Слободно додајте уште прашања, драги читателки и читатели.


Creative Commons 4.0


Можете да го погледнете и ова видео од 21 мај 2020 година:

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ