• Latest

Неодговорни медиуми, политичари и медиумски неписмена нација

May 3, 2022
Џелал Хоџиќ

Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

May 24, 2026
Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

May 24, 2026

Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

May 24, 2026
Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

May 24, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Ура за Македонија

May 24, 2026

Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

May 23, 2026

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

May 22, 2026

Кога твојот живот е само ставка во табела

May 22, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

May 22, 2026

Со обете нозе во една чевла

May 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

    Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

    Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

    РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фотографија: Скриншот од видео на Google

    Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

    Фото: МИА

    ЕУ го активира Планот за раст: Северна Македонија доби најголема транша од новата европска поддршка

    ССМ: Минималната синдикална кошничка за мај изнесува 68.743 денари

    Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

    Собранието заглавено поради нов заем: Власта бара итна постапка, СДСМ предупредува на раст на јавниот долг

    Илустрација ВИ

    Брисел и Вашингтон со привремен трговски договор до 2029 година

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

    Проф. д-р Александар Иванов

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

    Со обете нозе во една чевла

    Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

    Гордо – назад и надолу

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Неодговорни медиуми, политичари и медиумски неписмена нација

Борбата за вистината полека ја губи својата смисла, а таа е единствениот лек за лагата. Некој ќе рече, има различни аспекти на вистината. Не е точно, вистината е апсолутна, но постои целосна информација или половична, или фракција од информација, што не значи дека е невистина. Работата на медиумите е да се изборат и да ја пренесат целосната информација или вистина, а не само делот кој одговара на нивната агенда.

May 3, 2022 21:41
in АНАЛИЗИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ ШАЌИРИ

Појавата на дигиталните медиуми, а поголемиот дел се квази медиуми без импресум, финансирани од сомнителни извори, ја деградираше професијата тотално, го загади медиумскиот простор. И мејнстрим медиумите полека се насочуваат кон таквиот вид на „новинарство“ или како што тоа се вика во модерно време „борба за кликови“.

ИСТОРИЈА

Денешниот ден (3 Мај) од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации во 1993 година е прогласен за Светски ден за слобода на медиумите. Секоја година, на одбележувањето на денот, се апелира дека слободата на медиумите е едно од основните човекови права кое произлегува од правото на слобода на говор загарантирано со член 19 од Универзалната декларација за правата на човекот. Советот на Европа, од друга страна, загрижен за ерозијата на слободата на медиумите, посебно во време на криза, донесе три значајни документи кои се базираат на член 10 од Европската Конвенција за Правата на човекот под која ова фундаментално право претставува еден од столбовите на демократијата.

Од таа, 1993 година, 3 Мај кој се манифестира со разни активности во форма на иницијативи наменети за поддршка на слободата на печатот, како и ден за проценка на состојбата на слободата на печатот во светот, ден за предупредување на јавноста, и подигање на свеста, ден за поттикнување дебата меѓу медиумските професионалци и комеморација на сите новинари кои ги загубија животите додека ја извршувале својата работа.

Кога сме кај тие што го загубија својот живот во обидите да ја претстават вистината на пошироката јавност, да споменеме дека само во украинската криза до сега бројката стигна до 14 убиени новинари и медиумски работници. Слава им!

ЗНАЧЕЊЕТО НА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ

Како еден од основните столбови на демократија за значењето на слободата на медиумите нема што многу да се додава од она што досега е кажано. Без слобода на медиуми нема демократија, а без демократија слободата на медиумите е невозможна. Владите се тие кои мораат да создадат услови и клима за медиумите да ја одиграат нивната улога на „четврта власт“, а тоа може само демократска влада. Иако, многу често се случува и демократските влади да држат или се обидуваат да држат медиуми под своја контрола, со што, пак, го губи епитетот „демократска“.

Медиумите се тие кои мора да обезбедат на граѓаните пристап до различни и веродостојни информации и независни извори и врз основа на тоа граѓаните формираат мислење за одредена тема, состојба, проблематика и ултимативно носат одлуки на избори или преку граѓанска активност која може да доведе до промени во општеството и државата.

Со тоа се заокружува еден круг кој се вика демократски процес во едно општество. Не постои слобода на медиумите без слободни граѓани и обратно. Медиумите, барем оние независните, силата ја добиваат од граѓаните, од јавноста за кои и работат, додека за возврат ѝ овозможуваат на јавноста да учествува во тој демократски процес. Оттука слободата на медиумите носи и огромна одговорност, а за тоа нешто подолу во текстот.

ИНДЕКС НА СЛОБОДА И СОСТОЈБАТА СО МЕДИУМИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Северна Македонија помина низ еден мрачен период што се однесува до медиумските слободи, период кој остави далекусежни последици во оваа сфера, последици кои се чувствуваат и денес и за кои ќе треба уште долго време да се отстранат.

„Најблагата“ форма во тој трагичен период беше контролата врз медиумите од страна на власта, но се случија уште многу по црни работи, а тоа беше кршење на сите меѓународни конвенции за правата на човекот, слободата на говорот, правото на живот и граѓанско дејствување… Критички медиуми беа затворани, новинари беа апсени, директни и отворени закани кон новинари и нивниот живот беа толерирани и на некој начин поддржувани, односно поттикнувани.

Етикетирање и таргетирање новинари, експлодирани автомобили на новинари, мртовечки венци за новинари пред децата и семејствата, директни закани и говор на омраза и многу други работи. Сето тоа доведе до пад на индексот на слободата на медиумите, извештај кој секоја година го поднесуваат „Репортери без граници“.

Никола Груевски ја презема власта во 2006 година, а според извештајот од таа година, Северна Македонија беше на 46-то место во светот за во 2014 година да стигне до 123-то место што е пад од неверојатни 77 места. Од промената на власта па наваму бележиме подобрување секоја година, 2016 (118), 2017 (111), 2018 (109), 2019 (95), 2020 (92), 2021 (90) за со последниот извештај за 2022 година да се искачиме на 57-то место, што е подобрување за 61 место. Идеалот и нашиот капацитет, според мене, е да стигнеме помеѓу 30-40 место, веднаш зад најголемите светски демократии.

МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ И ОДГОВОРНОСТ

Според критериумите на ОН за воспоставување слобода во медиумите потребни се неколку предуслови: Законска рамка која овозможува отворени и различни медиуми; Политичка поддршка и правна рамка која им гарантира заштита; Закони кои овозможуваат слободен пристап до информации од јавен интерес;  Медиумска писменост на граѓаните да можат критички да ги користат информациите и да ги користат во секојдневниот живот; Одговорност од страна на медиумите. Да се вратиме на одговорноста на медиумите и состојбата кај нас, мислам може да констатираме дека првите три критериуми ги исполнуваме и осврнувајќи се на последните два најкратко што може да се опише состојбата кај нас е „релативна слобода има, одговорност нема, а медиумската писменост – никаква“.

Ова е последица на два фактори: едниот е 11 годишниот мрак, а вториот е ерата на интернетот (дигиталните медиуми) и социјалните мрежи. Со вториот проблем се соочуваат и најголемите светски демократии, САД, Европската Унија, Велика Британија и така натаму. Ги читав последните извештаи на Советот на Европа каде што потенцираат дека пласманот на дезинформациите и лажните информации и степенот на консумирање на истите од страна на граѓаните е на загрижувачко ниво.

Значи, тука се соочуваме не со проблем на пристапот до информации, туку со квалитетот на информациите. Тука на сцена доаѓа одговорноста на медиумите и тоа е она најзагрижувачкото. Според истражувањето на Institute for Economics & Peace во период од 10 години (2009-2019) пристапот до информации е зголемен за 29.5 проценти, но во исто време квалитетот на информацијата е влошен за неверојатни 9.8 проценти. Во последните три години тој процент сигурно е зголемен, а моја слободна проценка е дека кај нас квалитетот на информацијата е влошен за повеќе од 50 проценти. Со чест на исклучоците, етика во новинарството и професионализмот кај нас се на најниското можно ниво. Наши ветерани во оваа професија констатираат дека новинарството како професија е на работ на амбисот.

Појавата на дигиталните медиуми, а поголемиот дел се квази медиуми без импресум, финансирани од сомнителни извори, ја деградираше професијата тотално, го загади медиумскиот простор. И мејнстрим медиумите полека се насочуваат кон таквиот вид на „новинарство“ или како што тоа се вика во модерно време „борба за кликови“. Не е битен квалитетот на информацијата, не е битен квалитетот на дебатата, битна е сензацијата која носи повеќе кликови, гледаност или читаност сеедно. Така што, наместо двајца „анонимци“, а всушност професионалци во својата професија да се викнат на дебата од која може да излезат и предлози за решавање на одредена проблематика, заради гледаност и сензација, се канат двајца „идиоти“, морално деградирани личности кои, за жал, наместо поради нивното минато делување да бидат дефакторизирани, тие се сѐ уште фактори и креатори на јавно мислење, а такви има многу.

Зошто? Затоа што народот тоа сака да гледа, затоа што како нација ние сме една од медиумски најнеписмените во Европа ако не и најнеписмени, а тоа е одговорност на медиумите, односно последица од нивната неодговорност.

Уште поопасно од она што се нарекува квалитет на информацијата е лажната информација. Борбата против лажната информација е глобален проблем, а можам слободно да кажам дека оваа влада на ова поле потфрли. Не е проблем да се има идеологија ваква или онаква, да се биде наклонет кон некоја партија или коалиција, затоа што зад професијата новинар стои човек кој политички се определува и кој сака да ја види државата да се движи во ваков или онаков правец. Човекот е „политичко суштество“ како рекол Аристотел, но проблем е кога во професијата се користат лажни информации за постигнување на одредена цел, а тоа е спротивно на новинарството или на медиумското делување.

Во моментот кога новинарот се служи со лажни вести, тој претставува тоа да биде. Ова, пак, ги обесхрабрува оние малку останати вистински новинари кои професионално си ја извршуваат работата. Тоа значи дека со каква и информација да располагаат, колку и да е таа атрактивна и ексклузивна, без да ја проверат од неколку веродостојни извори или да ја консултираат „другата страна“, не ја објавуваат. Од друга страна, ваквите квази медиуми, гледајќи дека нема апсолутно никакви последици по нив поради ваквото делување (вина на власта), продолжуваат со исто темпо, а медиумски неписмената нација ги крка насловите како бонбони.

Таквата неписменост го ограничува во способноста да препознае што е лажна, а што вистинска вест, всушност, не се ни труди да ја провери веста, затоа што веќе си има оформено мислење кои се релевантни извори на информации и преминува во нешто што се вика confirmation bias, а тоа значи дека ги чита само изворите/вестите кои ја потврдуваат неговата веќе изградена теза, а другите или не ги чита или ги отфрла во потполност. За деманти воопшто и да не зборувам, илјадници се издадени врз основа на лажни вести, немој да мислите дека некој ги чита. Сето ова ја отежнува работата на преостанатите професионални медиуми кои се борат да останат такви.

Борбата за вистината полека ја губи својата смисла, а таа е единствениот лек за лагата. Некој ќе рече, има различни аспекти на вистината. Не е точно, вистината е апсолутна, но постои целосна информација или половична, или фракција од информација, што не значи дека е невистина. Работата на медиумите е да се изборат и да ја пренесат целосната информација или вистина, а не само делот кој одговара на нивната агенда.

На пример, ако на една маса седат две индивидуи на спротивни страни, на средина на масата ставите преграда, а зад неа чаша, чашата разбирливо ќе биде видлива само за едната индивидуа на чија страна се наоѓа. Ако ја прашате индивидуата од другата страна да ви каже што има на масата, тој ќе ви каже дека има преграда, што е вистина, тој само тоа го гледа, другиот ќе ви каже дека има преграда и чаша. Задачата на медиумите не е да ја прикријат „чашата“ затоа што таа ќе донесе негативни поени за некого, задачата на медиумите е да ја дигнат камерата во птичја перспектива и на јавноста да ѝ ја доловат целосната слика/информација, па таа нека суди според тоа.

Сума сумарум, ако горе споменавме дека без слободни граѓани нема слободни медиуми и обратно, може да констатираме дека без медиумска писменост имате медиумски неписмени граѓани и обратно.

БЕЗ ФИНАНСИСКА СЛОБОДА – НЕМА СЛОБОДНИ МЕДИУМИ

Професионален медиум во денешно време е „скап спорт“. Трошоците се огромни, техниката е скапа, одржувањето исто така. Квалитетот на информацијата, пак, зависи од финансиите, техничката опременост (финансии), човечки капитал (финансии). За да имате квалитетна информација, квалитетна програма, квалитетни вести – ви треба човечки капитал, односно финансии.

За еден новинар да направи квалитетна истражувачка сторија, тој треба неколку недели да е на терен и да се бави само со тоа. Ако како медиум немате доволно новинари, камермани, преведувачи, лектори, монтажери, уредници (човечки капитал) да го покриете дневното издание на медиумот, не можете да си го дозволите луксузот наречен истражувачко новинарство, скапо чини, а пари има сѐ помалку, економската криза само се продлабочува, рекламите се сѐ помалку. Не можете ни да понудите добра програма и да сакате, на пример документарци или репортажи или ексклузивни интервјуа.

Затоа, денес медиумите, де факто, работат за политичарите. Вестите или изданијата ги покриваат со нивните прес конференции кои се минимум по десетина на ден, а на кои претежно има бљувотини кои им се пренесуваат на јавноста, а таа, медиумски неписмената јавност, на тоа се навикнала и од тоа станала зависна. Додадете ги на ова и дебатните емисии кои не поминуваат без политичари, сликата е комплетирана, целиот медиумски простор им е отстапен ним.

Имаше предлози оваа влада да се оформи независен фонд на медиуми контролиран од независни експерти а не од власта. Тоа би значело секоја година одреден процент би се одвојувал за овој медиумски фонд кој потоа директно би ги помагал медиумите, нешто слично на холандскиот модел, но не знам што се случи.

Финансиски стабилен и независен медиум значи и независни новинари, повеќе средства за нив, нивната работа и нивното усовршување, а тоа ќе си го донесе сето останато. Сѐ додека медиумите зависат од некакви минимални странски грантови, заборавете на квалитетна информација или програма – нема да читате и гледате што направиле политичките фактори и сите други главни чинители во општеството, туку ќе гледате и читате што тие рекле дека направиле. Но гледајте на позитивната страна, ова е вин вин ситуација. Оваа состојба им одговара и на политичарите и на медиумски неписмената нација, зошто тогаш би менувале нешто?

Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ