• Latest
Фото: МИА, стоп кадар од преносот во живо на пристигнувањето на цивилите од Авганистан, 30.08.2021. Пораката „Ние сме солидарни со граѓаните од Авганистан. Добредојдовте!“ е од ЦИВИЛ, организација која прва им посака добредојде на авганистанските цивили.

Неприродно е и срамно е македонското општество да покажува ксенофобија

September 23, 2021

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Неприродно е и срамно е македонското општество да покажува ксенофобија

Според достапната статистика, од 1945 до 1949 година, 90.000 лица, главно Македонци, биле приморани да ја напуштат Грција. Потполно е реално денес да се направи аналогија со бегалците од Авганистан и ксенофобијата која ја шират одредени партии и групи е срамна, контрапродуктивна штетна и несреќна за државата и угледот на македонското општество

September 23, 2021 08:00
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: МИА, стоп кадар од преносот во живо на пристигнувањето на цивилите од Авганистан, 30.08.2021. Пораката „Ние сме солидарни со граѓаните од Авганистан. Добредојдовте!“ е од ЦИВИЛ, организација која прва им посака добредојде на авганистанските цивили.

Фото: МИА, стоп кадар од преносот во живо на пристигнувањето на цивилите од Авганистан, 30.08.2021. Пораката „Ние сме солидарни со граѓаните од Авганистан. Добредојдовте!“ е од ЦИВИЛ, организација која прва им посака добредојде на авганистанските цивили.

Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Неприродно е Македонија да покажува ксенофобија кон бегалците, затоа што во периодот од 1946 до 1949 година, според официјалната статистика, околу 90.000 Македонци биле приморани да ја напуштат Грција поради граѓанската војна и како бегалци да побараат засолниште ширум светот.

Нивната бегалска голгота траела сѐ до осумдесеттите години на минатиот век, оставајќи многу семејства разделени и многу деца без родители. И во 1963 година, по катастрофалниот земјотрес, 44.000 граѓани на Скопје биле евакуирани како бегалци на просторот на бивша СФРЈ –  од Словенија до Косово.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРИМА БЕГАЛЦИ

Можам да го разберам стравот од бегалците од Авганистан, во ред, друга култура, друг социолошки склоп и слично… ама не можам да ја разберам ксенофобијата и омразата кон нив, особено од оние чии татковци и дедовци најдоа засолниште во Ташкент и Узбекистан, што е на неколку стотици километри од Авганистан. А да, и меѓу бегалците сигурно има и баш такви Ујгури и Узбеци кои живеат и во Авганистан.

Македонија ќе прима бегалци од Авганистан кои биле вклучени во демократските промени во таа земја или работеле за меѓународни организации, агенции и така натаму, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој прецизираше дека првите бегалци кои треба да се засолнат од насилствата во Авганистан се претежно жени и деца. Тука пристигнуваат по барање на Обединетите нации бидејќи се роднини на вработени во канцеларијата на светската организација во авганистанскиот главен град Кабул.

Како ќе се појават вакви барања од агенциите и меѓународните организации, а согласно соработката со Соединетите Американски Држави, така ќе се прават проценки и ќе се прифатат во државата привремено.

Апсолутно нема никаква потреба од страв, омраза кон нив и ксенофобија. Сместувањето и преземањето на локалното население од Авганистан ќе биде со ограничен временски период, сѐ до обезбедување нивни трансфер до САД или до трети земји, што ќе биде утврдено во координација со нашите стратешки партнери и со меѓународните организации.

ВМРО-ДПМНЕ НЕ САКА „НИКОГО“

Најавата дека нашата држава Република Северна Македонија ќе покаже солидарност и дека е подготвена да прими бегалци од Авганистан кои ја напуштаат земјата откако талибанците заземаа голем дел од неа, веднаш предизвика реакции во јавноста. Меѓу првите реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Мицкоски, кој се спротивстави на намерата и го обвини премерот Зоран Заев дека не е способен да води грижа и заштита за нашите граѓани, не пак тоа да го прави за граѓаните од трети земји и побара таква солидарност од побогатите држави.

Ова е постојана пракса и реакција на ВМРО-ДПМНЕ кога се во прашање бегалците, посебно ако нивното доагање коинцидира со изборите.

Пред локалните избори во 2017 година, „доселувањето“ на мигрантите исто така беше тема која почна да ја застапува ВМРО-ДПМНЕ, а се собираа и потписи против нивно доселување и се бараше одржување референдум за ова прашање.

Едно испитување на јавното мислење спроведено таа година во 138 држави во светот од агенцијата Галуп, Македонија ја смести на последното место според тоа колку мигрантите се добредојдени во државата.

МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО – НЕТОЛЕРАНТНО КОН МИГРАНТИ И БЕГАЛЦИ

Според Алберт Муслиу од Асоцијацијата за демократски иницијативи, нетрпеливоста на македонските граѓани кон бегалците или мигрантите не е нова. Тој вели дека негативни ставови имало и крајот на деведесеттите години кога Македонија прими бегалци од војната во Косово.

„Бегалците беа дел и од политичкиот дискурс пред неколку години кога се препираа поголемите политички партии. Мислам дека се ова влијаело во формирањето на толку екстремно негативното мислење и став околу бегалците“, вели Муслиу.

НоваТВ во колумната Евтини приказни, во пресрет на минатите локални избори, под насловот „Жолтите ленти на ВМРО за спас на изборите“, ваквото нивно однесување го објасни на овој начин:

„Ова е само нивна земја по која само тие смеат да одат, тоа е воздухот кој само нив им припаѓа да го дишат, тоа е светот во кој само ним им е дозволено да престојуваат и никому повеќе. Притоа, ВМРО заборава на историјата на егејските бегалци, на голготата која без солидарност и емпатија од други земји ќе завршела со трагични последици. И што да се понуди на партијата на Груевски после сето за спас од измислените бегалци со кои бесрамно ги плашат гласачите дека ќе им ги окупираат домовите и животите. ВМРО секогаш се гордее со политиката која ја промовира, негува и одржува- тоа е нивната специјалност за која само тие знаат и за која живеат: политика на ксенофобија, на омраза, на нетрпеливост, тоа е политика со која Европа и конечно целиот свет се надева дека се искорени, после ужасите и злата кои ги донесе фашизмот во Втората светска војна.
ВМРО во тој дух се надева на најдоброто што отсекогаш знаела да го понуди: дека секоја друга национална припадност поинаква од нивната, како и различната религија од нивната ќе бидат искоренети од светот, за да остане на сила само македонската, православната, чистата, негибната од поинаквите од нив“.

АНАЛОГИЈА СО ЕГЕЈЦИТЕ

Ако направиме мал историски пресек и побараме аналогија со случувањата во Авганистан, Македонците во периодот за време на граѓанската војна во Грција, 1946 -1949 година, доживеале идентичен прогон. Поради разорувања, грабежи, насилна мобилизација, реквизиција, бесмислени, а сепак смислени одмазднички убивања на цивилното население, насилно раздвојување на членовите на семејствата, на жителите на Егејска Македонија им донесоа тежок живот во прогонство далеку од родниот крај, во светот кој им е непознат, неразбирлив, а понекогаш и не многу пријателски кон нив. Од март 1948 до крајот на годината, сами или во придружба на родителите или некое постаро лице, според податоците на Меѓународниот црвен крст 23.700, деца се избегани од просторот на северната граница на Грција кон Македонија и евакуирани се во трети земји.

Многумина од нив  биле згрижени во Далечниот исток на тогашниот СССР во Ташкент и ширум Узбекистан и други градови каде биле сместени кај луѓе и во домови од сосема поинаква култура и религија. Им понудиле тоа што имале – топол дом, работа, интеграција во општеството. Кон крајот на втората половина на 20 век, тоа била најголемата преселба на народите од југот на Европа на крајниот исток и во деловите на  источно европскиот блок, вклучувајќи ги и териториите на тогашната Југославија како што се Војводина, Хрватска, Далмација… но и во прекуокеанските земји, Америка, Канада, Аустралија. Со решавање на проблемот на оваа река македонски бегалци тогашната Југославија и меѓународната заедница се соочувала се до почеток на осумдесеттите години на дваесеттиот век. Според достапната статистика, се вели дека до тој период  90.000 лица биле приморани да ја напуштат Грција.

Потполно е реално денес да се направи аналогија со бегалците од Авганистан и срамно е за Македонија ако не покаже гостопримство кон овие луѓе и ако не им помогне. Дури според истите извори  во периодот од 1945 до 1949 година во Војводина постоело и местото Буљкес кое со одобрување на југословенските власти функционирало како посебна грчка општина, односно центар на грчките политички бегалци чие јадро биле борците на Народноослободителната армија на Грција, ЕЛАС.

ПРЕСЕЛБА НА НАРОДИТЕ Е ПРИРОДЕН ПРОЦЕС

И уште нешто што ВМРО ДПМНЕ и не само ВМРО не можат да го разберат. Дека е во тек новата (кој знае која по ред) голема преселба на народите, која поради војните, економските причини, елементарни катастрофи, болести… ќе трае во наредните 100 -200 години.

Тоа е природен процес. И голем број на Македонци и други граѓани и граѓанки на Македонија се селат и ќе се иселат на некои нови простори и во нови држави кои ќе им станат нова татковина, а овде ќе се населат некои нови народи на кои Македонија ќе им стане нова татковина. Тоа се природни историски процеси. Мигрантите, иако во новиот простор остануваат „исти“, постапно ги губат елементите на својата култура и ги прифаќаат или позајмуваат достигнувањата на локалното население, односно со историските процеси се оддалечуваат од својата и ја прифаќаат новата  етногенеза која според создадените вредности битно се разликува од матицата од која се издвоиле.

Поминале овде и останале делови на многу народи, Хуни, Авари, Турци, Срби… и денес, ако не сте знаеле, во Неготино, Градско и Кавадарци има, и мирољубиво со сите други живеат, Мароканци кои тука останале пред сто години како дел од француските војници во Прва светска војна. Исто како што ќе останат и одреден број на Авганистанци, Сиријци, после војните и прогоните кои ги доживеале во нивните прататковини и ќе се интегрираат и претопат во локалното население збогатувајќи го овдешниот колорит на населението. Така што ксенофобијата која ја шират одредени партии и групи е контрапродуктивна штетна и несреќна за државата и угледот на македонското општество.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот)
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ