• Latest

Нервоза: Зошто тоа Мицкоски е толку видливо нервозен?

April 15, 2025

До пазарот и назад

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026
Чорнобил, 1986

За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

April 24, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

April 24, 2026
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

April 24, 2026

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026

Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

April 23, 2026
Фото: МИА Архива

Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

April 23, 2026
Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

April 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Нервоза: Зошто тоа Мицкоски е толку видливо нервозен?

April 15, 2025 07:00
in ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ОЛИВЕР АНДОНОВ

Без разлика дали Мицкоски ќе се обиде да биде саркастичен и божем скриено да навредува, или не сакајќи ќе предизвика поедини медиуми намерно да му поставуваат антитези за да ја отсликаат неговата неинвентивност преку метафорите кои љуби да ги употребува во своите обраќања како би оставил впечаток на умен и елоквентен, но уште повеќе на загрижен популист, сепак, остава еден јасен впечаток на потполна нервоза и конфузност.

Зборувањето за полноглавци, а патем во една моја колумна метафорично го употребив тој поим со јасна алузија кон подмладокот на жабите во политичкиот контекст на актуелните раководства на нашата партија и на оние дудуци од СДС (а веќе јавно се гледа дека се исти), ти Христијан, се обиде да го оправдаш твојот „суптилен“ притисок врз судската власт, но истиот миг предизвика контра ефект. Имено, на истиот состанок, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Рокас, најдиректно ти одговори дека како извршна власт се мешаш и вршиш притисок врз судството.

Не можеш, Христијан, од функцијата претседател на влада, да зборуваш во свое лично име – и тоа на официјален состанок – пред јавноста и во присуство на амбасадори. На состанок на кој ти формираш владино тело, Совет за борба против корупцијата. Тоа околу овој совет и твоето искрено залагање против корупцијата е посебна тема за пишување на која ќе ти кажам само за еден искрен коментар од наши сопартијци:

„А каде треба да ја пријавиме корупцијата на баџанак му на Мицкоски, Дано“?

Толку за твојата борба против корупцијата за која како Внатрепартиска фракција ти напишавме точно по кои параметри и со кои мерки треба да се одвива, што секако тебе не ти одговара. Ти, Христијан, си премиер на Македонија 24 часа или непрекинато додека ти трае мандатот, дури и кога спиеш, иако лично сум уверен дека досегашните десетина месеци како премиер ги преспа и се изнашета, ништо не сработи од 1198-те проекти. Затоа и имаш постојано обезбедување, уставни надлежности како шеф на извршната власт, и твоите лични ставови може да си ги кажуваш пред самиот себе си, кога се гледаш во огледало колку си личен. Но како премиер ти немаш личен став, ти имаш само и исклучиво политички став на владата со сета тежина и одговорност за тој став. А твоите-владини ставови се политики за решенија на проблемите на граѓаните и се темелат на почитување на уставот и законите на Републиката.

И не можат личните ставови, метафорите и себељубието проследено со поддршка од режимските новинари и клиентелисти да бидат супститут за нефункционалноста и безидејноста на твојот владин кабинет. Не смее твојата влада и ресорните министри да не спроведуваат законски одредби. Впрочем, спроведувањето на законите е уставна обврска на владата. Односно, како што ми посочи еден млад сопартиец, член на УМС и поддржувач на Фракцијата – „Владата, тоа е FAN CLUB Мицкоски“.

Не е важно дали тоа неспроведување го прават тенденциозно, по твоја наредба, измислен принцип на божем работа заради одложување на некои импликации кои тие закони ги предизвикуваат врз буџетот на државата или на друг начин, за да не те прават тебе дополнително нервозен, или тоа го прават од незнаење, или не дај Боже од други лукративни мотиви, на крајот, сè се сведува на твоја и нивна кривична одговорност. Колку побргу како влада станете свесни за вашата одговорност да се однесувате како извршна власт во рамките на уставните овластувања и до точка постапувате законски. толку полесно за сите нас. Друго е прашањето за личниот капацитет на поедини министри во твојот владин кабинет кои покрај незнаењето се до толку безидејни што ги прашуваат граѓаните што тие предлагаат да се направи и како да се изнајде решение, и тоа граѓаните засегнати од одлуките кои токму тој ресор треба да ги донесе.

Прашањето е: „Зошто тогаш некои од тие граѓани не го преземе водењето на тие ресори, кога твоите избраници министри не се способни да ги изберат ниту своите советници за да можат барем да постапуваат согласно законите“? За креирање и спроведување на политики и не станува збор, за тоа треба многу повеќе знаење, креативност и способност. Потоа да не се чудиш кога синдикатите и други ќе ти излезат на улица.

И ете токму затоа, Христијан – и ти и целиот твој владин кабинет – покажувате нервоза и тоа во јавните настапи. Привремено, нервозата ја лечите со игнорирање на критиките и обиди за дисциплинирање на критичарите до степен на обиди за јавно денунцирање. Не е решение за нервозата која е резултат на неспособност и незнаење, поканувањето на прес конференции на избрани медиуми за да нема незгодни прашања. Не е решението ниту обидите преку клиентелистичките и платени медиуми и божем новинари да се дискредитираат во јавноста личности кои ги критикуваат твоите недоквакани политики. Како што не е решението ниту во обидите да правиш дистинкција (а тоа повеќе личи на политичка шизофренија) помеѓу тоа кога си премиер, а потоа пет минути си само Христијан, за да пак се претвориш во премиер. При тоа да покажуваш јавна нервоза и невешто да глумиш загриженост за граѓаните. Тоа е краен опортунизам кон идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ, а пред сè, кон Македонија.

Колку побрзо разбереш или ти кажат тие околу тебе (доколку имаат храброст) дека по катастрофата и трагедијата во Кочани ништо не е исто, толку подобро за тебе лично, но најмногу за нашата држава Македонија и за нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. Проблемот кај тебе е што ти не си научен да разговараш, да слушаш, да анализираш, да прифаќаш критика и да добиваш предлози со визија кои можеш да ги разбереш. За тебе само ПР-от во стилот на Сораја (и за тоа ти напишав одамна) е реална политика, затоа и секој ден си некаде – а никаде –  и зборуваш нешто, а не кажуваш ништо. Тоа само дополнително те прави нервозен, затоа што се чувствуваш инфериорен, а инфериорноста ја затскриваш зад ароганцијата. Знам дека и работата и упорното опстојување на Внатрепартиската фракција те прави нервозен, особено затоа што знаеш какви телетабиси имаш во структурата кои си ги издигнал на места на кои јавно се гледа целата нивна неспособност, корумпираност и алчност, а тоа го гледаат и нашите сопартијци, па како Внатрепартиска фракција секојдневно имаме сè поголема поддршка помеѓу членовите на партијата.

За наша жал, но уште повеќе за твоја жал, Христијан, лек за таа нервоза нема да најдеш сè додека не се ослободиш од ароганцијата која ја покажуваш сè повеќе и повеќе. Можеби среќата ти беше наклонета изминатите години од 2017, како и добрата соработка со Заев, но тоа заврши. За твоја несреќа, излегуваат на виделина сите проблеми на системот чиј дел си и ти. Се разбиструва сликата кај македонските граѓани за твојата соработка со Заев (Филипче), за улогата на ЗНАМ и дел од ВЛЕН, за твојот квази патриотизам и одбрана на Македонецот и Македонија од некаква си бугаризација, додека твоите блиски прават милионски бизниси во Бугарија како бугарски граѓани, а во исто време и во Македонија водат бизниси под твоја закрила. Дали знаеш како те нарекуваат твоите поданици, граѓаните на Македонија и за каков те сметаат?

Нема корист од нарачани колумни од твои блиски божем новинари, безбедносни кираџии на удбашко-белградските служби за остварување на влијание во Македонија. Не се во прашање кокошкини јајца, потребни се вистински јајца (метафорично кажано, што би рекле Американците – болсови), но повеќе е потребен мозок за да се направат реформи во третата власт. И ете и тоа ти е во раце, при што нема потреба од давање глупави божем метафорични изјави, туку треба да имаш мозок и идеја што да направиш. А ние како Внатрепартиска фракција знаеме што и како треба да се направи, но нема да ти даваме идеи преку колумни, туку исклучиво доколку разговараш со нас, доколку имаш болсови за таков разговор. Ете затоа не треба да кршиш јајца, или како што тоа многу убаво го разбра една моја познаничка дека сакаш да кршиш глави, па преку новинарски колумни испраќаш закани, туку треба само да бидеш храбар и да седнеш да разговараш и при тоа истрпиш критика и прифатиш аргументи и предлози.

Ќе кажам, иако не сакам да бидам претенциозен, но имам чувство дека во нервозата која ја искажуваш, всушност, невешто сакаш да ја префрлиш вината за несреќата во Кочани исклучиво врз третата, судска власт во Македонија. Но времето ќе покаже, па ќе се навратиме на оваа колумна и несомнено на ароганцијата со која им се згади на граѓаните на Македонија, дури и на нашите сопартијци. Единствено твоите лојалисти и клиентелисти те трпат затоа што мораат.

А ти напишав дека требаше да си дадеш оставка поради несреќата во Кочани како израз на политички и морален чин и сочувство кон настраданите и нивните семејства. Со таа постапка сега ќе беше несомнено најпопуларен политичар (вака остана само најдолен политикант) во Македонија, а нашата партија ВМРО-ДПМНЕ ќе покажеше општествена одговорност и демократски капацитет со кој рејтингот и на партијата и твојот лично ќе се вивнеше во вселената. Партијата ќе останеше на власт, а за 7-8 месеци со фанфари самиот ти, Христијан, ќе се вратеше на чело на владата, а на партијата ќе ѝ загарантираше уште полни два мандати без било каков проблем. Покрај тоа, ќе се стекнеше со лично и политичко искуство од непроценливо значење и со углед во Македонија и надвор. Но ти, како секој добар политикант, врзан во јамката на удбашките белградски влијанија, одбра да си останеш доследен на договорот со Заев и со неговиот Филипче. Избра да договараш излезни манипулативни стратегии преку употреба на разни божем медиуми заради загадување на јавниот простор.

Ете, затоа е нервозата кај тебе, и ќе биде сè поприсутна во иднина, бидејќи знаат граѓаните дека „царот е гол“, не што знаат, туку и ја гледаат неговата голотија.

Нема да ви помине обидот за задушување на гневот преку дисквалификација на иницијативите за барање одговорност, а револтот на граѓаните ќе расне сè повеќе и ќе те принуди да колабираш политички, ако ништо друго, веќе на претстојните избори. Не е штета за тебе да колабираш, со твоите погрешни политички постапки, тоа и го заслужи, штетата е врз ВМРО-ДПМНЕ кое ќе го колабираш и тоа на долг период, а најмногу штетата ќе биде врз Македонија која потполно застана на патот кон ЕУ. Оние излитени фрази и декларативни празни флоскули, како и упорното зборување глупости по разни меѓународни настани за тоа дека ЕУ имала двојни стандарди или дека билатерален проблем претставила како прашање на ЕУ, не поминуваат кај ЕУ, а сè помалку поминуваат и кај македонските граѓани.

Кога сме веќе кај штетите врз Македонија, да те прашам: До каде е постапката со царините кои ни ги воведе господинот Трамп? Белким не е дека според неговите јавни изјави околу паѓањето целувки на одредени делови од телото дотаму си дошол или некој друг во твое име го направил тој љубовно-обожувачки гест. Тоа многу ме потсетува на твојот некогашен однос со еден исто така „еминентен“ новинар со кого сега имаш исклучително динамичен обожувачки однос (за љубовен не сум убеден), а кој самиот тој таквиот однос го дефинираше преку метафората „љуби свиња, магаре“. Ти како вљубеник во празноглави метафори верувам дека многу лесно во искажаната метафора ќе препознаеш кој во вашиот односот е свињата, а кој магарето.

Инаку, само да кажам, во скоро време сите ќе заборавиме на царините и ќе гледаме други циркузи во САД, многу полоши од досегашните. Но и за тоа ти напишав јавно, бидејќи на друг начин не сакаш да разговараш со нас како Внатрепартиска фракција, а знаеме дека ти ги пренесуваат пораките. Повторно ти препорачуваме, да се држиш до Европската унија и да го искористиш моментот за засилување на македонските активности во насока на поддршка за започнување на преговорите за членство во ЕУ и да го фатиме приклучокот со Албанија и Црна Гора. Тоа секако значи дека ќе треба да ги направиш неопходните уставни измени. И токму и ова е тоа што дополнително те прави нервозен, бидејќи со твојата глупава политика самиот се внесе (секако и партијата и државата) во ќорсокак и сега ти е јасно дека нема излез, но не смееш тоа да го признаеш.

Ние ти советуваме да ги направиш уставните измени, па кога веќе тонеш поради твоето политикантство и исполнување на политички обврски – долгови кој самиот си ги прифатил кон одредени полусветови и највеќе антимакедонски, направи нешто корисно за Македонија и барем да останеш запаметен дека си ги почнал реалните преговори на Македонија со ЕУ. Знам дека е тоа посебно невозможно во твојот модел на размислување и политикантски обврски, но наше е да ти кажеме и препорачаме за цената што ќе ја платиме како партија, после тебе на чело на партијата, да биде помала. Доколку е возможно, барем татковината Македонија да не плати никаква цена и да биде дел од ЕУ заедно со Албанија и Црна Гора, односно за 3-4 години. Но ти ја лечиш владината нервозата заедно со својот коалициски партнер ВЛЕН во содејство со Курти. Во исто време, другиот ти коалициски партнер, со цели 11 автобуси наполнети со македонски граѓани, е во Белград во поддршка на Вучиќ. Наместо пат кон ЕУ, имаме една друга слика на нашата реалност. Многу јасна слика за сите вас, драги мои сопартијци и граѓани на Македонија, кои сакате да гледате. Ете дотука стигнавме, не подалеку од Приштина и Белград, за деталите… прашајте го…

И знаеме дека ти, Христијан, го знаеш одговорот и вистината на сето ова и затоа си нервозен, што би се рекло „угоре високо – удолу длабоко“, но ти самиот така избра и затоа нервозата само те ограничува. Не треба да се лутиш ниту на к’сметот. Тој добро ти работеше цели 7-8 години и само поради него се одржа на чело на партијата во долгата опозиција незапаметена досега за ВМРО-ДПМНЕ. Сега кога си власт и на чело на извршната власт, не ти треба само к’смет, сега ти треба мозок и знаење, како на тебе, така и на целиот твој владин кабинет. А кога нема знаење, мозок и јасни идеи и решенија или барем одговори на прашањата од граѓаните, има нервоза и тоа видлива на јавна сцена. Нервоза изразена посебно кога самиот знаеш дека на дневна основа имаш неликвиден (празен) буџет и едвај чекаш повторно да се задолжиш, затоа што веќе земените кредити ги потроши на паркчиња и плоштадчиња, а тие пари треба да се вратат.

Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ