Ема Нешковска во објава на Фејсбук со одговор до премиерот Христијан Мицкоски, кој ја спомнал на седницата на Собранието за пратенички прашања.
„Му благодарам на премиерот на нашата земја за публицитетот што ми го даде при неговото обраќање на пратеничките прашања вчера во македонското Собрание.
Не е прв пат, од собраниска говорница да бидам прозвана од претставници на ДПМНЕ, кои во два наврати претходно зборуваа за мојот партиски ангажман.
Веројатно сите знаат дека во една демократска и слободна држава за каква што се декларира Македонија, јас како слободоумен и полнолетен граѓанин, САМА одлучувам за МОИТЕ постапки, вклучитечно и за членувањето во политичката партија СДСМ и целокупните мои политички ангажмани, и тоа на никој начин НЕ Е поврзано со професионализмот, стручноста, совесноста и компетентноста на мојата мајка со 33 годишен стаж во правосудството, при извршувањето на нејзината јавнообвинителска функција со стаж од повеќе од 20 години како Јавен обвинител и функцијата Претседател на Советот на јавни обвинители која што ја извршува во моментов, а притоа со легитимитет кој го црпи од гласовите добиени со тајно гласање од страна на нејзините колеги.
Жал ми е премиере, што во недостиг на проекти за фалење и резултати кои ги ветувавте, изгубени во грешките кои секојдневно Ве стигаат и Ви удираат по најмалку една шлаканица за секое излажано ветување, се занимавате со работи што Вас воопшто не треба да Ве интересираат и се трудите да создадете состојба на страв преку јавен линч.
Сепак, морам да бидам искрена и да Ви кажам- Џабе се трудите!!!
П.С.
Премиере, неодамна напишавте дека му се извинувате на Вашиот син за неговото инволвирање во политиката од страна на политички лешинари и дека тој бил виновен само затоа што бил Ваш син.
Во ситуацијава, јас чувствувам потреба да и се извинам на мојата мајка за тоа што нејзниниот избор го поврзувате со моето политичко дејание и истовремено се прашувам-
Зарем виновна е мајка ми, долгогодишен докажан, покажан и истакнат професионалец, избрана на позиција која после толку години посветена работа, напор и труд сосема оправдано ја заслужува, само затоа што ми е мајка, а јас не сум Ваш партиски истомисленик?!?
Ццц… Лешинари на секој чекор…“, напиша Нешковска.