Актерката Несрин Таир во видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“ повикува да се обединиме во различностите и ја искажа својата верба дека во нашата земја има многу човекољупци.
Таа во своето обраќање, вели дека национализмот со својата штетност заслепува.
Национализмот е многу штетен, и за едно општество и за секоја индивидуа поединечно, затоа што разбудената национална свест не заслепува и не оневозможува да може да ги согледаме и да ги вреднуваме културните и традиционалните вредности на другата нација.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги споделуваат содржините на Иницијативата „Обединети во различноста“ со позитивни пораки, но и самите да креираат текстови, фотографии и видеа со пораки и искуства на оваа тема.
#ОбединетиВоРазличноста
#TëBashkuarNëDallime
#unitedindiversity
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.