• Latest

Невакцинираните Израелци со шестпати поголема веројатност да добијат тешка форма на КОВИД од вакцинираните

August 10, 2021

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Невакцинираните Израелци со шестпати поголема веројатност да добијат тешка форма на КОВИД од вакцинираните

August 10, 2021 16:38
in КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Стапката на тешка форма на КОВИД-19 во Израел, и покрај ширењето на позаразната делта варијанта на коронавирусот, е шестпати поголема кај постарите луѓе што не се вакцинирани отколку кај вакцинираните на иста возраст, пренесуваат израелските медиуми.

Според податоците на Министерството за здравство, меѓу вакцинираните Израелци на возраст од 60 години и постари, 16,6 лица на 100.000 се во тешка состојба, додека 98,5 тешки случаи се меѓу невакцинираните.

Во моментов Израел се соочува со уште едно нагло ширење на инфекцијата, а лекарите предупредуваат дека е достигната „критична точка“, пренесува Бета.

Како и во другите земји, каде што е регистрирана делта варијантата и во Израел е забележан пад на ефикасноста на вакцината. Министерството за здравство на почетокот на јули објави дека ефикасноста на вакцината во спречувањето на инфекцијата е 64 отсто, додека претходно била околу 90 отсто.

Меѓутоа, клучниот параметар е сериозната форма на болеста, а експертите велат дека постои причина за оптимизам, бидејќи статистиките покажуваат дека и покрај високата стапка на зараза на делта варијантата, вакцината сепак спречува тешки заболувања, вели професорот Надав Кац, статистичар за корона вирус на Хебрејскиот универзитет.

Кај луѓето под 60-годишна возраст што не се вакцинирани, на секои 100.000 просечно 1,6 се во сериозна состојба, а 0,5 кај оние што се целосно вакцинирани.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет остро ги критикуваше оние што одбиваат имунизација, а министрите, наводно, размислуваат за финансиски поттик заради помасовна вакцинација.

Вакцините најмногу се одбиваат од младите луѓе, особено оние во нивните 30-ти години.

Во Израел, 5,4 милиони од вкупно 9,3 милиони луѓе ја примиле втората доза, а околу 577.000 граѓани постари од 60 години се вакцинирани и со трета доза./МИА

Tags: КОВИД-19Свет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ