• Latest

Невакцинираните работници во приватниот сектор  задолжително да се тестираат со брзи тестови, но на сопствен трошок, повторно побара Стопанската комора

November 23, 2021

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Невакцинираните работници во приватниот сектор  задолжително да се тестираат со брзи тестови, но на сопствен трошок, повторно побара Стопанската комора

November 23, 2021 11:46
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш го повтори барањето –  невакцинираните работници во приватниот сектор кои последните шест месеци не прележале КОВИД задолжително да се тестираат, но на сопствен трошок и тоа со брзи, а не со ПЦР тестови.

Комората во пресрет на денешната владина седница апелира – доколку се усвои ваквиот предлог државата да овозможи конотрла на движење на цените, односно да ја определи највисоката цена на брзите антигенски тестови за работниците да немаат големи трошоци.

Според Комората, трошокот за тестовите не смее да падне на товар на компаниите.

-Ако работникот одлучи да се вакцинира, ќе нема никакви трошоци. Во спротивно, ќе треба задолжително да се тестира, но со брзи тестови, а не со ПЦР кој е 10 пати поскап. Ова никако не значи задолжително вакцинирање, ниту каков било притисок во таа насока, туку само  задолжително брзо тестирање што е вид превентива. Ако некој не смее да се вакцинира поради здравствената состојба, нема да подлежи ниту на тестирање. Ќе ги почитува само мерките, рече потпретседателката на Комората, Анета Трајковска и додаде дека целта на ваквиот предлог е да се обезбеди континуитет на бизнис процесите.

Според неа, Комора ќе апелира до компаниите-членки да им одобрат два дена неплатено отсуство на своите вработени за да ги мотивираат да се вакцинираат.

Како што објасни Трајковска, ако работодавачот се одлучи за самотестирање, клучно е трошокот да падне исклучиво на товар на работникот зашто „секој друг трошок на товар на компанијата е непродуктивен и нема да даде ефект во смисла на зголемување на бројот на вакцинирани“.

-Во услови на криза и пандемија, непродуктвини трошоци за работодавачите се неприфатливи, потенцира Трајковска.

Даниела Василевска Михајловска од Комората додаде дека ваквите одлуки на Комората се резултат на сериозни анализи и на исуства на земјите во Европа и опкружувањето.

-Нашиот став е во насока на тоа како бизнисот го следи ова прашање. Во пресрет на владината седница на која треба да се одлучува, сакаме да укажеме уше еднаш што бараме, не сакаме да навлегуваме во ставовите на другите. Според нас, економијата мора да биде пред се, мора бизнисот да работи и процесите да течат ако сакаме да има ефекти кои на крај се одразуваат во Буџетот. Ова е исклучиво во насока на движење на поцесите без притоа да се заборави здравјето на работниците, подвлече Василевска Михајловска.

Одговорајќи на новинарско прашање, таа рече дека не може Комората да каже колкави треба да бидат цените на брзите тестови, но во секој случај бара, повтори, да не се дозволи нивно покачување.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на Главниот координативен кризен штаб ги предложи новите рестриктивни мерки за задолжителна вакцинација на здравствените работници и за неопходно поседување КОВИД-потврда за вработените во јавниот сектор кои деновиве ги препорача Комисијата за заразни болести. Мерките треба да се разгледуваат денеска на владина седница.  Филипче синоќа имаше состанок и со синдикатите, откако тие изразија незадоволство и побараа вакцинацијата да не се наметнува со присила. Дел од нив бараа и бесплатни ПЦР-тестови за вработените во јавниот сектор. / МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ