• Latest

Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија, се чека решение за хируршките сали

June 11, 2024
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија, се чека решение за хируршките сали

June 11, 2024 07:58
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) најави дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство Илир Демири, откако ги прифати пријавите оти се неосновани разрешувањата на директорите на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски и на Клиниката за кардиологија, Марјан Шокаровски.  ДКСК констатираше дека со двете одлуки на Демири, прекршени се Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. Повреден бил и Изборниот законик, со оглед на тоа што во двата случаја, директорите биле разрешени со решенија донесени – од 14 мај односно 27 мај, пред усвојувањето на заклучокот за завршување на изборите за пратеници во Собранието од 30 мај.

И во двата случаја, како што е посочено, не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата. Требало да има предлози за разрешување од управните одбори до здравствените совети на овие установи.

Цвета Ристовска, член на ДКСК, во образложение за оформениот предмет по пријавата за Токсикологија  посочи дека причина за разрешување на медицинскиот директор била „несовесно постапување“ и заради непродолжување на договорите на дело за 18 лица на Клиниката. Иако на 30 април била изречена забрана на оваа ЈЗУ за пристап на лица без договори за вработување, како што појасни таа, 11 здравствени работници продолжиле да се евидентираат во електронски систем без склучени договори. На 23 мај при вонреден инспекциски надзор, утврдено било дека се склучени договори на дело со 11 лица кои биле потпишани само од организациски директор, иако според Законот за здравствена заштита, должноста ја извршуваат и медицинскиот и организацискиот. Договорите за дело со 11-темина, како што посочи Ристовска, се склучени спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита.

Заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева вчера на средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Токсикологија дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Манолева, како што информира Министерството за здравство, побарала од стручниот и лекарскиот колегиум да дадат предлог за именување медицински директор.

Според Демири, не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.

Претходно, министерот за здравство Демири за разрешувањето на Петровски кажа оти не е политичка кампања. Доколку го разрешел директорот пред изборите, како што рече, тогаш ќе било сфатено како политичка кампања. Од Министерството за здравство соопштија дека Петровски бил разрешен од вршител на должност – директор поради неправилности во работата, но, ќе продолжел да работи на Токсикологија.

Демири демантираше и дека е политичка пресметка  разрешувањето на директорот на Државната кардиохирургија. Тој рече дека Шокаровски е разрешен по информации за поголема смртност на оваа клиника, нерегуларно внесени пациенти во „Мој термин“, но и поради нарушени меѓучовечки односи во неа.

– Моето разрешување е незаконско, бидејќи во техничка Влада, не може ниту да се именуваат, ниту да се разрешуваат директори, изјави Шокаровски на прес-конференција.

Тој нагласи дека не се точни наводите оти смртноста се зголемила откако тој е назначен за директор. Според него, станува збор за оркестриран напад со цел да се уништи државната кардиохирургија. Шокаровски демантираше и дека постојат 170 фантомски пациенти.

– Единствено на нашата клиника се изведуваат повеќе врвни кардиохируршки процедури, меѓу кои е и трансплантацијата на срце, на која сите треба да сме горди. И кога сме кај статистиката, процентот на преживување е подобар од светскиот просек. Некои подмолни сили сакаат овој напредок да го омаловажат и изгаснат, додаде докторот.

Во меѓувреме, во јавноста се очекува решавање на проблемот со хируршките сали на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“.  За неработењето на операциони сали на Клинички и препраќањето на пациенти во Градската општа болница „8 Септември“ и во Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“, отворен е предмет во Јавното обвинителство. Повеќепати беше изразена надеж дека ќе се утврди во што лежи проблемот, каде е дефектот и од каде се шири непријатна миризба во салите.

Заменичката на министерот за здравство, Манолева претходно изјави дека бил постигнат договор, да работи една наместо две операциони сали, но, во две смени со што практично би го добивале речиси доволниот капацитет на хируршките сали. Таа соопшти и дека побарала од директорите да доставуваат извештаи за сработени итни, елективни интервенции, направени на секоја од клиниките посебно.

На 6 јуни, Министерството за здравство информираше дека Владата на седница ја разгледала и ја усвоила информацијата за состојбата во хируршките клиники при Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, во врска со проблемот со компресорската станица, како и за досега преземените активности и мерки, со цел негово надминување. Притоа, донесен бил заклучок за замена на опремата на централната компресорска станица со нова опрема, како и за дислокација на станицата.

– Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје, да спроведат замена на опремата на централната компресорска станица со нова опрема, како и замена на инсталацијата и дислокација на централната компресорска станица. Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје во рок од една недела да достават до Владата на Северна Македонија оперативен план за спроведување на активностите, беше наведено во заклучоците од седницата.

Извор: МИА

Tags: ДКСКздравстворазрешувања
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ