• Latest
Џелал Незири, Институт БИРЦ на панелот „Демократско назадување: Импликации и последици“, 9 октомври, Скопје
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Незири: Одбрана на демократијата значи борба за нејзината функционалност

October 17, 2025

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Незири: Одбрана на демократијата значи борба за нејзината функционалност

October 17, 2025 11:57
in АКЦЕНТ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5
Џелал Незири, Институт БИРЦ на панелот „Демократско назадување: Импликации и последици“, 9 октомври, Скопје
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Џелал Незири, Институт БИРЦ на панелот „Демократско назадување: Импликации и последици“, 9 октомври, Скопје Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Сите режими низ историјата, поновата историја, на власт се дојдени преку гласање. Кога зборуваме за демократија, одбрана на демократијата и демократските вредности, треба да се спомне дека токму исто така низ историјата сме сведоци дека формите на владеење, кои не даваат конкретни резултати, или не ги даваат минималните очекувани резултати за граѓаните, тие потоа стануваат непопуларни,  вели Џелал Незири од Институтот БИРЦ, новинар и аналитичар, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – „Демократско назадување: Импликации и последици“.

Кога во 90- те години земјите од централна источна Европа транзитираа од еднопартиски кон повеќепартиски политички систем, тие, исто како ние тука во регионот, имаа големи очекувања. Но, мислам дека десет години потоа, направена е една регионална анкета, за да видат колку луѓето се задоволни од демократијата. Колку демократијата им го подобрила животот, колку ги исполнила нивните очекувања. И, дошле до фрапантни резултати, каде што луѓето имале голема тенденција во исказите дека живееле подобро, кога било полошо, посочува Незири.

Мојата поента е дека за да ја одбраниме демократијата, ние мора да се бориме за неа, за истата да носи резултати.

Ние имавме смена, транзиција од еднопартиски во повеќе партиски систем, гласавме, носевме нови влади, нови администрации, нови политички партии, ги овластувавме  да носат одлуки во наше име. Но, дали тие одлуки беа спроведувани во практика, од администрација наследена од поранешен систем, и работеше според менталитетот на поранешниот систем, и дали таа примена, на тие закони и таа волја на гласачите, на народот, искажана на избори, ги давала очекуваните резултати? И низ овие призми би требало да ја анализираме функционалноста на демократијата, вели Незири.

Мислам дека нашето општество е сведок дека демократијата можеби им донела слобода, но ја немаат рамноправноста особено во социјален аспект. Можеби имаат слобода за гласање, но сè  уште имаат екстремна партизација.

Тој се осврна и на долгогодишните трендови во однос на растечката сиромаштија кај граѓаните, за разлика од политичарите, кои со преземање на политичка функција, се богатат.

Граѓаните осиромашуваат, додека политичарите, не сите, има исклучоци, влегуваат во политиката како социјални случаи, а излегуваат како бизнисмени, посочува Незири.

За крај, Незири порача дека сите мора да работиме за демократијата да биде успешна. Ако ги даде минималните очекувања на граѓаните, тоа значи дека ние сме ја одбраниле демократијата, заклучи Џелал Незири.

Д. Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија:  Б. Јордановска /ЦИВИЛ


Панелот е дел од меѓународната конференција “Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, како дел од проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ