• Latest

Ниеден спин, ниту говор на омраза нема да ја скријат вистината!

June 16, 2016

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Ниеден спин, ниту говор на омраза нема да ја скријат вистината!

June 16, 2016 15:07
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашната „герила“ акција на дел од активистките и активистите кои со пораката „Ние сме лудаци!“,  делеа чоколади на демострантите на Шарената револуција и ја парафразираа познатата „изјава“ на Зоран Ставрески: „Немаме за леб, а трошиме за чоколади!“, пионите на власта, распоредени по медиумите и социјалните мрежи, веднаш ја нападнаа со говор на омраза и навреди.

Screenshot (10)Имено, фотографиите објавени на фејсбук профилот на ЦИВИЛ беа злоупотребени, а пораките спинувани на познат начин. Коментарите на хејтерите на социјалните мрежи, имаат очигледна цел, а воедно ги поттикнуваат фановите на овие профили во служба на власта на жестоки напади, полни со говор на омраза, крајно вулгарен и навредлив речник насочен против активистките и активистите кои единствено што направија е – цитирање на екс-министерот. Едно е јасно, Ставрески е тој што кажа: „Ние сме лудаци!“, опишувајќи ја аздисаноста и разузданоста на својот шеф Никола Груевски.

Да потсетиме, Ставрески зборуваше дека сака да му го тресне телефонот на Груевски од глава, кога ѝ се доверуваше на својата колешка, ексминистерката Гордана Јанкуловска, која поднесе оставка по контроверзната „мала војна“ во Куманово. Ставрески е тој што ѝ се исповедаше на својата колешка Јанкуловска дека „немаме за леб, а трошиме за чоколади!“ и ја откри тешката финансиска состојба во која се наоѓа Македонија. Ставрески и неговите колешки и колеги, ќе останат запаметени по нивната омраза против неистомислениците, по меѓусебната нетрпеливост и сплетките „на дворот“, како и по омразата која ја искажуваат против претставниците на меѓународната заедница.

Screenshot (11)„Ние сме лудаци!“ е цитат на изјава на Ставрески, а не парола со која ЦИВИЛ – Центар за слобода обвинува душевно болни лица?! Изјавата на Ставрески ќе остане запаметена во историјата на оваа земја и никаков спин, ниту говор на омраза, не можат тоа да го избришат. Ништо не може да ја скрие вистината за тешките злоупотреби, криминалот, насилството и грабежот.

И секако, ќе останат запаметени сите што ја извитоперуваат вистината и спинуваат на највалкан можен начин, криејќи се зад „онлајн бандите“ кои се ангажирани од штапските началници. Ќе бидат запаметени како пример за тоа како не треба човек да се однесува и како не треба да се злоупотребуваат социјалните мрежи, а уште повеќе, за тоа – како не треба да се злоупотребува професијата и професурата за да се докаже понизност и послушност кон осомничени за тешки недела.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Tags: spinактивистивулгарностГруевскиЈанкуловсканасилствоомразаСтаврескиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ