• Latest

Никој не побарал промена на името на МПЦ, одговори премиерот на пратеничко прашање

May 31, 2018

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Демократијата не молчи ниту под сирените

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Никој не побарал промена на името на МПЦ, одговори премиерот на пратеничко прашање

May 31, 2018 14:25
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Никој ниту побарал ниту некој може да го смени името на Македонската православна црква. Не е тема на дилема или на дебата името на МПЦ, потенцира премиерот Зоран Заев денеска на седницата за поставување пратенички прашања. 

Појасни дека со писмото до Вселенската патријаршија побарал помош, како што кажа, околу конечно решавање на црковниот спор што постои од возобновување на Охридската архиепископија.

 

Премиерот Заев рече дека неговиот Кабинет денеска ќе ја објави содржината на писмото што од негова страна било испратено до Вселенската патријаршија, како и одговорот од таму.

– Замолницата е да помогне во долгогодишниот проблем и неговото решавање. Секако тоа е во координација со Македонската православна црква. Барањето е патријаршијата преку Светиот синод да донесе одлука и конечно да помогне со признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Секако, веруваме дека Патријаршијата сето тоа ќе го направи со другите помесни цркви, како што е редот, и апсолутно кога се обраќаат црквите кон Патријаршијата се обраќаат и со политички аспект и затоа дополнително на тоа писмо што Светиот синод на МПЦ – ОА го направи, јас испратив писмо за поддршка. Светиот синод да го разгледа ова прашање и да и помогне во неговото решавање, рече премиерот.

За да нема дилеми во јавноста, рече тој, секојпат признавањето се случува согласно положбата, патријаршијата или слично.

– Кога се признавале црквите се признавале како Пеќка патријаршија, Охридска архиепископија и слично. Никој ниту побарал ниту некој може да го смени името на Македонската православна црква. Не е тема на дилема или на дебата името на МПЦ, потенцира премиерот Заев пред Собранието.

(МИА)

Tags: Зоран ЗаевМПЦОхридска архиепископијаСобрание на Република Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ