Поранешниот градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов за Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“.
„Јас како нов, млад градоначалник, влегов да ја водам Општина Штип, којашто претставува традиционална општина каде што самиот мултикултурализам, мултиетникум, е во основата на функционирањето а оваа општина. Уште пред децении, да не кажам векови наназад, во Штип живееле различни етникуми, со различни религии и различни начини на живот. Сите се фузирале и функционирале како едно општество, не дозволувале нивните различни религии да живеат во посебни квартови, туку живееле измешани. И ние како такви, европските вредности веќе ги имплементираме, односно, ги живееме. Јас сум така израснат, во моето маало сме растеле со Роми, коишто живееја веднаш до мојата куќа, јас сум играл во нивниот, тие во мојот двор, сме се изградиле во индивидуи, дел од нив се правници, јас сум доктор, сега градоначалник, меѓутоа, во општеството функционираме заедно“, вели Николов.
Николов потсети на мултикултурната средина во која тој и неговите сограѓани растеле и живееле заедно.
„Како човек што растел во една таква шарена заедница, каде што функционирале луѓе со различни визии, различни традиции и култури… Ние сме го славеле Бајрам, влашкиот Божиќ или како што ја викаме „влашка Василица“, сме ги славеле македонските Бадникови вечери, и само имате дополнително повеќе празници да ги уживате како дете, додека сите растеле во една ваква мултикултурна заедница. Тоа што како градоначалник се трудам да го направам од општина Штип, е да биде дел од европското семејство.“
„Во нашата општина ние ги следиме генерално сите правци, и тоа што недостасува е формирање на таканареченото Европско катче. Но, во овие десет месеци и немаме толку време, средства и организациски можности да го изградиме и да направиме такво катче. Знам дека општина Струмица пред неколку месеци официјално го отворија европското катче и почна да функционира, што е чекор плус за општина Струмица. Верувам дека Општина Штип во брзо време ќе го формира тоа катче. Во однос на доближување на граѓаните до Европа и европскиот начин на функционирање, Коцевски вели дека во Штип често доаѓаат на посета амбасадори од различни држави, како што се амбасадорите на Бугарија, Босна и Херцеговина, Обединетото Кралство, Шведска итн.“, порачува Николов.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Горан Наумовски